Публикација „Македонско културно наследство: Османлиски споменици“

Наслов: „Македонско културно наследство: Османлиски споменици“

Автор: М-р Зоран Павлов, Радмила Петкова

Издава: Министерство за култура на Република Македонија / Управа за заштита на културното наследство

Издавач: Паско Кузман

Уредник: М-р Зоран Павлов

Лектор: Александар Јордановски

Фотографии: М-р Зоран Павлов, Мише Тутковски

Печат: Про поинт

Година: 2008

Документацијата и промоцијата на културното наследство претставува бесценето сведоштво за континуитетот и разновидноста на материјалната и духовната култура на Македонија. Во 2008 година Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство изработува  четири богати публикации за македонското културно наследство кои потврдуваат токму горенаведното. Проектот е изработен со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Италија и Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција.

Четирите богато илустрирани книги се посебни изданија за: археолошките локалитети во Македонија, христијанските споменици, спомениците на османлиската култура и за културното наследство на Охрид. Истите се објавени на македонски и на англиски јазик. Целта на публикациите е претставување на вредностите на богатата културна ризница од
различни цивилизациски периоди на територијата на Република Македонија.
Претставени се само најрепрезентативните споменици, со прегледен методолошки пристап и со речник за толкување на стручните термини.

Публикацијата Османлиски споменици претставува збирка на 33 објекти од  вкупно 10 градови. Обработени се објекти од сите карактери од Османслискиот период како Џамии, Анови, Амами, теќиња и др.
Покрај краток опис кој говори за историјата, архитектурата и важноста за објектот, сите прилози се надоплнети со фотографски есеј кој ги доловува и врамува најважните особености и карактеристики за објектите.

Мустафа Паша џамија, Скопје
Султан Мурат џамија, Скопје
Стар турски амам, Тетово
Безистен. Штип
Исхак Челеби џамија, Битола
Терминолошки речник

 

Автори на текстовите на сите четири публикации се истражувачи, археолози и историчари на уметноста – Анета Серафимова, Викторија Поповска-Коробар, Јулија Тричковска, Мирјана Машниќ, Зоран Павлов, Радмила Петкова, Паско Кузман, Драган Митревски, Драгиша Здравковски, Киро Ристов, Кирил Трајковски, Ленче Јованова.