Што претставува логото на МАРХ?
15.11.2024 • Информации
Заштитниот знак по кој не препознавате, логото на МАРХ е изведено од погледот над стилизирана македонска традиционална куќа. Во анализата и појаснувањето започнуваме од погледот кон фасадата, потоа преку аксонометријата ве придвижуваме кон погледот одозгора.
Со цел да го раздвижиме логото, и претпоставената игра на сенката, од основната боја на керамидата, варираме со нијанси.
Четириводниот кров е дефиниран преку дијагоналите опишани во квадрат од каде потоа се изведува знаковниот јазик, т.е буквите со кои испишуваме МАРХ.
Постои и поедноставена варијација на логото со една боја која е користена во апликации кои бараат симплифициран дизајн.
Типографијата е понатаму истражувана во различните известувања, благодарници и други материјали објавени низ годините.
Симболот на МАРХ го забележуваме и урбаниот пејсаж, каде неретко на фасадите на објектите се јавува декоративен елемент кој е сличен или идентичен на нашето лого.
Од таму произлегуваат и графички материјали кои се дизајнирани низ годините за потребите на социјалните мрежи.
По повод на минатите родендени, изработени се низа на графички решенија пратејќи ја истата логика. Во нашите графички решенија често вклучуваме и други архитектонски визуелни референци како фасади, конструктивни елементи, перспективи :
Автор на логото на МАРХ е основачот Филип Конески.
Автор на статија: Љубен Трајаноски
10 години МАРХ / лого / марх