LVT го трансформира архитектонскиот јазик – Подот како платно
20.06.2025 • Градежни материјали Ентериер и мебел

Во светот на архитектурата, подот сѐ почесто се третира како визуелен и концептуален елемент. Со појавата на LVT (Luxury Vinyl Tile) – еден од најсовремените подни материјали – архитектите конечно добиваат решение што нуди беспрекорен баланс помеѓу дизајн слобода, техничка супериорност и практична функционалност.
LVT е повеќеслоен поден материјал кој ги имитира визуелните и текстуралните квалитети на природни материјали како дрво, камен или бетон, но со исклучително повисока издржливост. За разлика од ламинатот, кој содржи HDF (High Density Fibreboard) – плоча од дрвени влакна која е чувствителна на влага и често набабрува, пука или се деформира – LVT има целосно синтетичка, водоотпорна структура, што овозможува сигурна инсталација дури и во простории како бањи, кујни и влезни зони.
Керамичките плочки, иако водоотпорни, се тврд материјал што ја задржува студената температура, што може да создаде непријатност при одење, особено во зима. Дрвените подови, пак, бараат континуирано одржување, се подложни на гребнатини и се нестабилни при температурни разлики. За разлика од нив, LVT е отпорен на гребнатини, топол на допир, го апсорбира звукот, и е целосно компатибилен со подно греење, што го прави исклучително практичен за современи услови на живеење и работа. Со полиуретански заштитен слој, LVT е подготвен и за интензивна комерцијална употреба, бара минимална грижа, и визуелно останува стабилен со години.
LuxFloors & Amtico – светски бренд, сега достапен во Македонија
Преку ексклузивно партнерство, LuxFloors за првпат го носи на македонскиот пазар британскиот премиум бренд Amtico, лидер во LVT сегментот со над 60 години искуство и глобална репутација. Amtico нуди три главни колекции (Signature, Spacia и Form), секоја со различна естетика и примена, но сите обединети под ист стандард: производи направени во Британија, со доживотна гаранција, компатибилни со подно греење, антибактериски, отпорни на влага и технички беспрекорни.
Она што го издвојува Amtico се безбројните дизајн опции – над 200 различни текстури и бои кои можат да се комбинираат во уникатни lay-out распореди (herringbone, basketweave, versailles, и многу повеќе). Секој архитект има можност да креира под што го следи и засилува целокупниот просторен концепт.
Motif систем – визуелен потпис под нозе
Ексклузивен за Amtico е нивниот Motif систем – иновативна можност за вградување кастомизирани графички мотиви, логоа, геометриски облици и симболични форми директно во подот. Со висока прецизност на сечење и комбинирање различни LVT модули, Motif овозможува архитектите да додадат препознатлив и персонализиран визуелен слој на секој проект – без разлика дали се работи за хотел, канцеларија, бутици или јавна установа.
Овој систем веќе е употребен во некои од најпознатите светски проекти: во влезни зони на фудбалски клубови, на сетови за холивудски продукции, во хотели како Hilton и Marriot, и во елитни академии, музеи и корпоративни хедквортери. Amtico Motif-ите претставуваат докажана платформа за визуелно раскажување преку подот, со беспрекорна техничка изведба и моќен архитектонски ефект.
Amtico Décor – класика што инспирира
Додаток на Motif е и фасцинантната колекција Amtico Décor, која ја претставува традиционалната британска естетика реинтерпретирана преку современ дизајн. Инспирирана од историски мотиви и архитектонски детали во објекти под заштита на National Trust, оваа колекција ја спојува наследената уметност со модерниот живот. Amtico со гордост соработува со National Trust за да ги оживее елементите од места како Kedleston Hall – вклучувајќи ги шемите на тавани, историските паркет подови и декоративните детали – и ги трансформира во геометриски, симетрични и топло-хармонични подни решенија.
Како што е случај со дизајнот на Venetian Parquet, инспириран од легендарниот Peacock фустан на Lady Mary Curzon, или Akari Lattice, инспириран од мебел дизајниран во 18-ти век од John Linnell – секој детаљ во Décor колекцијата има сопствена приказна. Оваа соработка со National Trust има и филантропска димензија: дел од продажбата оди за зачувување на историски локации, пошумување, и биодиверзитетни иницијативи во Британија.
Секој Décor модел е прецизно исечен од Signature колекцијата и нуди извонредна деталност, инспирирана од класични викторијански обрасци. Од мотиви како Geo Melrose до драматични контрасти како Classic Mono, оваа палета нуди можности за создавање на подови со силен дизајнерски карактер – без компромис во практичноста.
Décor е идеален за ходници, кујни, трпезарии или простории каде сакате подот да биде визуелен центар. Топол на допир, полесен за одржување од природни материјали и компатибилен со подно греење, Décor нуди беспрекорна функционалност.
Room Visualizer – дигитален preview на вашиот дизајн
Со цел да им се овозможи целосна слобода и сигурност на дизајнерите, Amtico разви интерактивна алатка наречена Room Visualizer. Архитектите можат да изберат простор, да комбинираат декори, lay-out распореди, мотиви и граници, и веднаш да видат реална симулација на подот во контекст.
👉 Пробајте ја тука: Room Visualiser For my Home | AmticoОваа алатка го прави процесот на одобрување и презентација кон клиентите појасен, побрз и потранспарентен.
Amtico само преку LuxFloors – целосна поддршка за секој архитектонски проект
Како ексклузивен дистрибутер на Amtico во Македонија, LuxFloors не нуди само производ – туку комплетна поддршка: од физички Amtico дисплеј во нивниот изложбен салон, преку достапност на сите примероци и палети, до консултации за lay-out шеми и техничка имплементација. Со поддршка од нашиот британски партнер, секој архитект може да очекува водство од идеја до реализација.
За проекти што заслужуваат под што зборува со архитектурата – изберете LVT од Amtico, достапен само преку LuxFloors.
📩 Повеќе информации: luxfloors@damfil-ing.mk | www.luxfloors.mk

Автор на статија: Filip Koneski
Amtico / LuxFloors / Luxury Vinyl Tile / LVT / Motif систем / Room Visualizer