Манастирот Свети Наум / Иконографски извори
22.12.2023 • VI-XV век
Манастирот Свети Наум на Охридското езеро е еден од најважните и најстарите огништа на писменоста во Словенскиот свет, каде се зачувани придобивките на Моравската мисија на св, Кирил и св. Методиј.
Манастирот го одржува својот духовен живот повеќе од 1100 години, период во кој Манастирот поминува низ многу промени.
Во објавата подолу се организирани иконографските фотографски извори од Манастирот од 19 век па се до денес.
Покрај фрескоживописот во Манастирот бакрорезот од Жефарович е најстариот приказ на Св. Наум во иконографските извори. Може да се утврди дека проширувањето на конаците се случува во текот на 19ти век што е и точно потврдено монографијата на Цветан Грозданов. Повеќе можете да прочитате на следниов линк.
Следниот приказ на архитектурата од манастирот е во 1863 година кога Австро-унгарскиот фотограф Јозеф Секељ во експедицијата од 1863 година на германскиот научник и патеписец Јохан Георг фон Хан (1811-1869) го фотографира Охридското крајбрежје, подвиг што претставува еден од најраните фотографии од нашето поднебје.
На овие фотографии веќе може да се видат проширувањата на конаците кои се градени според изворите во периодот помеѓу 1806 – 1819 година. Тука се согледува преминот на средновековната архитектура на манастирот кон традиционалниот чардак кој е присутен во коначката архитектура.
За жал овие конаци ќе настрадаат во големиот пожар кој го зафаќа манастирот во 1875 година,
На крајот на Првата Светска Војна се можеме да се согледа различната состојба на манастирот споредено со фотографиите од 1863 година, Чардакот на северната страна изгледа дека е веќе затворен и заменет најверојатно по пожарот од 1875 година,
Следната фаза на развојот на манастирот претставува градењето на камбанаријата од страна на архитектот Момир Коруновиќ, во 1925 година по повод 1010 годишнината од смртта на зетскиот влалдетел и Самоилов зет и вазал св. Јован Владимир. Тој се користи со елементи од средновековната архитектура и фолклорни елементи.
Препоставка е дека за време на градењето на оваа камбанарија голем дел од оргиналниот конак кон езерото бил уништен. Канбанаријата продолжува да постои до 1954-1955 година кога е демонтирана по декрет на сојузната влада, со објаснување дека не се вклопува во околината на манастирот.
Авионска снимка од манастирот и неговата околина во почетокот на 21 век пред интервенциите во последните години.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Иконографија / Културно наследство / Манастир Свети Наум / Охридско езеро