Објавен е меѓународен конкурс за ново архитектонско решение за идниот музеј на Никола Тесла
13.10.2024 • Конкурси Од регионот
Компанијата „Beograde Waterfront“ објави меѓународен конкурс за ново архитектонско решение за идниот музеј „Никола Тесла“, кој ќе се наоѓа во зградата на поранешната фабрика за хартија „Милан Вапа“, а повикот за идејни решенија е отворен од 4 октомври до 17 декември.
Денеска зградата на првата српска фабрика за хартија се наоѓа во „Белград на вода“ на парцела од 7.200 метри квадратни и има повеќе од 8.400 метри квадратни на два ката. Конкурсот бара решение што ќе ја зачува историската вредност на една од најдобро зачуваните и најзначајните објекти од индустриската архитектура во Србија и ќе создаде простор за многу богата и значајна музејска поставка, посветена на еден од најголемите пронаоѓачи на модерна доба.
Београдски Вотерфронт ги повикува сите заинтересирани субјекти од Србија и странство да се пријават на конкурсот од 4 октомври до 17 декември и да достават идејни предлози за адаптација на постојниот објект во музејски објект. Конкурсната документација може да се преземе на линкот тука а стручното жири, составено од претставници на компании и еминентни експерти од областа на архитектурата, ќе го објави победникот најдоцна до 31 декември 2024 година.
Фабриката за хартија Милан Вапа беше првата фабрика во Србија изградена по Првата светска војна во 1924 година, а архитектонските елементи користени во дизајнот на фасадите јасно укажуваат на стилот на академизмот, приспособен на намената на зградата.
Објектот и понатаму ќе остане споменик на културата под заштита на Заводот за заштита на спомениците на културата на град Белград, но по реконструкцијата ќе биде адаптиран за потребите на музејот во кој е целокупната оставина на еден од најголемите умови на сите времиња, ќе бидат изложени во целина , а не само делумно како што беше случајот досега на постоечката локација на музејот.
Повеќе детали за конкурсната задача, начинот на учество и предлозите на конкурсот се достапни на https://www.muzejnikoletesle-konkurs.rs/.
Автор на статија: Filip Koneski
Белград / Белград на вода / Меѓународен конкурс / Музеј / Никола Тесла / Србија