Mercedes Lounge Bar / Радо Инженеринг
01.10.2025 • Ентериер и мебел

Година: 2024
Автори: Пако Радовановиќ, Тијана Стојановска, Стефан Матевски
Инвеститор: Mercedes-Benz
Фотографии: Дарко Матоски
Локација: Скопје
Студио: РАДО Инженеринг / www.rado.com.mk
Во Скопје е изведен нов ентериер на Mercedes Lounge Bar кој со својот современ дизајн нуди посебно искуство. Целосно е трансформиран во простор кој нуди функционалност, топлина, истовремено вешто вклучувајќи примеси од индустриски дизајн. Целта беше да се создаде рамнотежа помеѓу неговата визуелна привлечност и употребливост.
Отворениот внатрешен простор овозможува лесна флуидност во движењето. Средишниот дел е истакнат со големиот кружен пулт во контрастна боја во однос на останатиот простор и овозможува слободно движење и седење околу наоколу. Над него дополнително се истакнува плафонот каде комплетно е видлива кровната конструкција на објектот кој додава на уникатност на дизајнот.
Внимателно одбраниот мебел дава чувство на луксуз и топлина истовремено, како и разновидност во користењето.
Исто така значаен е погледот кој е отворен „360 степени“ и поставени се дрвени перголи за менување, прилагодување на погледот според моменталните потреби за користење на просторот.
Се наоѓа на најгорниот кат во објектот деловен центар Премиум во Скопје.

Автор на статија: Martina Shteriova
Mercedes Lounge Bar / Mercedes-Benz / Ентериер / РАДО Инженеринг / Скопје