MG Bar / Клинчаров, Савева

Автори: Андреј Клинчаров, Ена Савева

Локација: бул.„ Партизански Одреди“, Скопје

Година: 2024

Површина: 100m2

ФотографијаЃорче Ставрески

 

Основа 

 

МГ Бар е хибриден проостор каде се комбинираат две дејности,  угостителство (кафе-коктел бар) и студио за тетовирање.

Со површина од 100м2, овој креативен простор создава уникатно искуство за посетителите. Симбиозата на барот и студиото создаваат посебен простор за социјализација и разбивање на стереотипите околу тетовирањето, приближувањето до клиентите и заинтересираните.

 

 

Хибридниот простор овозможува уникатна можност за творење и размена на идеи преку дружење. Атмосферата е динамична, набљудувањето на процесите е ослободено и отргнато од прегради, овозможувајќи  интеракција.

 

Локалот создава платформа за креативност, поттикнувајќи ги клиентите да ги истражуваат своите интереси и да се опуштат во инспиративна средина.

 

 

3D модел