Модна ревија на „URBAN ARMOUR“ на Татјана Гиновска / УКИМ 29.11.2025
27.11.2025 • Информации Уметност
„Urban Armour“ е моден проект кој ја истражува синергијата помеѓу урбаната архитектура, брутализмот и индивидуалниот стил. Проектот го претвора градскиот пејзаж во инспирација за облека, сценографија и визуелни приказни, создавајќи мост помеѓу архитектонските форми и модната експресија. Работен во тим со искусни професионалци за да се пренесеме визијата на публиката: да инспирираме самодоверба, креативност и разбирање на урбаната естетика како дел од современиот културен дијалог.
Целта на проектот Urban Armour – Урбан Штит е преку моден дизајн да се афирмира архитектонското наследство на скопскиот брутализам и да се претвори во современ визуелен и културен израз. Со својата естетика, јавна видливост и ангажман со заедницата, проектот има за цел да ја збогати локалната културна сцена и да придонесе за долгорочна промоција на Скопје како центар на современа култура и дизајн.
Очекуваните резултати од ревијата Urban Armour – Урбан Штит се- зголемена јавна свест за културната вредност на скопскиот брутализам, промоција на модниот дизајн како средство за културна комуникација и визуелна едукација, како и позиционирање на Скопје како современ и културно активен град. Ревијата ќе резултира со препознатлив визуелен настан кој ќе привлече публика и медиумско внимание, а документацијата од настанот ќе послужи како долгорочен ресурс за идни презентации, изложби и дигитална промоција. Се очекува и зголемена културна ангажираност кај младата публика и појава на интерес за понатамошни проекти со сличен критички и естетски пристап.
Татјана Гиновска, дипломиран архитект со над 12 години искуство во проектирање и визуелно обликување, го претставува проектот Urban Armour – Урбан Штит, кој ја истражува синергијата помеѓу урбаната архитектура, брутализмот и индивидуалниот стил. Проектот ја претвора скопската урбана архитектура во инспирација за облека, сценографија и визуелни приказни, создавајќи мост помеѓу архитектонските форми и модната експресија.
Во овој проект, Татјана работи со искусни професионалци: Никола Булески, моден дизајнер и креативен визионер, кој внесува структура, дисциплина и современа естетика, и Александар Ношпал, еден од највлијателните македонски дизајнери, познат по авангардниот израз и беспрекорната конструкција.
Проектот „Urban Armour – Урбан Штит“ е поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија, во рамките на Програмата за поддршка на креативни индустрии, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ).
Автор на статија: Filip Koneski
Urban armour / Александар Ношпал / Никола Булески / Татјана Гиновска / урбан штит











