Објавени визуелизации од новиот ентериер на Универзална Сала

Неодамна започна реконструкцијата на Универзална Сала според проектот на Мегарон Инженеринг.

На својот  facebook  профил, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, објави визуелизации од очекуваниот изглед на ентериерот.

 

 

Од тоа што можеме да забележиме,  станува збор за повеќе варијанти на изгледот на холот, како и изглед на ентериерот на концертната сала.

На конечното делување врз објектот во распаѓање, претходеа долги години перипетии и немо набљудување, кое резултираше со неколку предлози од тековната влас: нејзино рушење и подигнување јавна површина , нејзино рушење и изградба на нов објект и како трет предлог нејзино адаптирање и реконструкција и изградба на нова голема концертна сала на друга локација.

Поради негодувањето на поголем дел од јавноста, се градската власт се одлучи за третиот предлог и нејзино реконструирање.