Павиљон Македонија / Стефановски

Ментор: проф. д-р Митко Хаџи-Пуља

Студент: Димитар Стефановски

Семестар: IX (девети)

Година: 2019/2020

Локација: Биенале на архитектура

Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје

Архитектонски факултет

 

 

Предметот Внатрешна архитектура II, под раководство на проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, арх. Дарко Драгановски и арх. Теодора Илиевска, се занимаваше со испитување и истражување на суштествените историски и културни вредности на Република Македонија, како идејни зачетоци за проектирање на павиљон Македонија, кој би ја представувал државата на светско биенале на архитектура.

Работата беше организирана во два дела: аналитички (концепциски) и проектантски.

Анализата се однесуваше на истражувања за одредени културни вредности и историски теми поврзани со Македонија, и на тој начин формирање на една концепциска табла преку која ке ги испитаме нивните концептуални и контекстуални значења и како тие понатаму да се интерпретираат во оформување на идеите за проектирање на павиљонот за Македонија.

Решението што беше презентирано всушност е резултат на истражувањата од првата фаза кои се базираа на преклопување и отсликување на две подетално истражени теми од историјата на Макдонија. Првата тема беше истажување на македонскиот традиционален танц, и народна носија, а втората тема, сликање на камен и карпести гравири, односно карпеста уметност, која била пронајдена во Македонија пред 32 000 години, создадени на лискон карпата (вулкански камен) која била најпогодна за гравирање. Предците на тој начин оставале пораки до идни генерации во форма на вградени, сликани форми и скулптури, за трајно дефинирање на кулртурно, историско и археолошко наследство, кои понатаму подетално биле истражени и анализирани од Душко Алексовски, докторант по архелогија и палеонгвистика.

Од горенаведените концепциските истражувања на двете теми, избрани како клучни за павиљонот, како и зададените параметри истиот да биде во рамки на коцка 9 на 9 метри во основа и 9 метри во висина, поделена на 27 просторни модули со висина, ширина и должина од 3 метри, произлегува идеата за оформување на просторот преку три кллучни моменти : -движење, длабење во цврста материја и осветлување.

Преку намерното насочување на движењето во павиљонот се интерпретира движењето на традиционалниот македонски танц кој е дефиниран во круг на средина од павиљонот затворен со спирални ѕидови кои “лебдат” односно се закачени на меѓукатната конструкција. Спиралните два ѕида го дефинираат движењето на посетителите на павиљонот, каде што од предната страна е потенциран влезот, а од задната излезот, додека влезот за катот се потенцира од задната фасада преку спирални скали, анкерувани во самиот ѕид.

Карпестата уметност на Македонија е постигната преку интерполација на селектирани елементи односно симболи пронајдени во рамките на државата од археологот Душко Алексовски, преку длабење на пресечениот конус кој се спушта од плафонот на павиљонот до плочата на првиот кат.

Осветлувањето се постигнува зенитално преку кружен отвор дефиниран од пресекот на плафонот со конусниот ѕид на катот, и преку истиот светлината се спроведува на катот преку отворите поточно издлабените симболи на ѕидот, и до приземјето каде што зенитално се осветлува средишниот простор  наменет за традиционалниот танц, кој исто така се осветлува и странично од долниот дел на предната и задната фасада, која на приземје е отворена. Идеата е преку светлина да се потенцираат симболите издлабени во ѕидот, и истите да се отсликаат на четирите затворени ѕида на катот преку една игра на светло сенка.

 

Основа +0.00
Основа +4.40
Основа на плафон +0.00
Основа на плафон +4.40

 

Пресек низ павиљон

Програмските соджини на павиљонот се концентрирани на катот, каде што просторот е наменет за читање односно истражување на карпестата уметност во Македонија, и можност да се купи книга, сувенир на пултот за продажба и информации, како и преку игра на светло сенка да се доживее, представи идеата на длабење, додека приземјето програмски е празно со што се остава можност да се манифестира традиционалниот македонски танц, каде што погледот на изведувачите е насочен нагоре према перфорираниот пресечен конус, кој на еден начин презентира небо, соѕвездие од симболи пронајдени на територија на државата, од кои надѕираат главите на посетителите на катот кои внимателно го набљудуваат танцот.

„Преку намерното насочување на движењето во павиљонот се интерпретира движењето на традиционалниот македонски танц кој е дефиниран во круг на средина од павиљонот затворен со спирални ѕидови кои “лебдат” односно се закачени на меѓукатната конструкција. „
„Предците со помош на гравирање во карпите оставале пораки до идни генерации во форма на вградени, сликани форми и скулптури, за трајно дефинирање на кулртурно, историско и археолошко наследство, кои понатаму подетално биле истражени и анализирани од Душко Алексовски, докторант по архелогија и палеонгвистика.“
„Осветлувањето се постигнува зенитално преку кружен отвор дефиниран од пресекот на плафонот со конусниот ѕид на катот, до приземјето каде што зенитално се осветлува средишниот простор  наменет за традиционалниот танц, кој исто така се осветлува и странично од долниот дел на предната и задната фасада, која на приземје е отворена.“