Петар Ристевски и Милица Савеска со излагање на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти

Петар Ристевски и Милица Савеска се млади архитекти и основачи на Комора компанија од Битола со повеќе од пет години искуство. Тие вешто работат со AutoCAD, Revit, SketchUp и 3D моделирање, а зад себе имаат магистерски студии по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Македон БИМ е специјализиран за изработка на прецизни 3D Revit модели, особено за „as-built“ објекти каде што конструктивните елементи се оштетени, недостасуваат или не се поклопуваат со постојната документација. Со користење на ласерско скенирање и Point Cloud технологии, тимот успешно го претвора реалниот објект во детална дигитална репрезентација.

Фокусирани на прецизност, навремена испорака и долготрајна соработка, со повеќе од 100 реализирани проекти, тимот успешно работи на јавни, станбени и деловни објекти, локално и меѓународно. Ова искуство им овозможува да нудат сеопфатни услуги, прилагодени на потребите на секој клиент, било да се работи за реконструкција, реновирање, преуредување или управување со објекти.
Петар и Милица ќе се претстават на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти со нивната презентација „Дигиталниот јазик на просторот“, посветена на интеграцијата на Point Cloud технологиите во BIM моделирањето и современата архитектонска практика — тема која ја отсликува нивната посветеност кон иднината на дигиталната архитектура.

Извор: КОАИ