Повик за учесници на работилница: Редизајн на јавни површини Скопје 2.0
05.02.2020 • Конкурси
После успешната реализација на првиот циклус работилници – Редизајн на јавни површини 1.0, со големо задоволство официјално го отвараме повикот за учесници на вториот циклус работилници насловен „Редизајн на јавни површини Скопје 2.0“, овојпат со неколку нови локации на кои им е потребна вашата креативност и вештини!
Доколку сте граѓанин кој го засега уредувањето на јавните површини и сакате да придонесете за подобрување на вашиот град, ве покануваме да се пријавите на четиридневна работилница за редизајн. Целта на оваа иницијатива е да помогне во озеленување на јавниот простор и негово дизајнирање согласно потребите на граѓаните.
Идентификуваните локации на кои ќе се работи се:
- Краевите на слепите улички кои гледаат на Бул. Илинден и тоа: Ул. Благоја Страчков, Ул. Кукушка, Ул. Крсто Баиќ и Ул. 8ми Март, ул. Коле Неделковски, Ул. Пајак, Ул. Коста Веселинов.
- Дел од ул. Наум Наумовски Борче кај “Bike Market” кој ќе се прошири во тротоар и дел од паркингот од спротива кој ќе треба да се озелени.
На следниот линк може да ги погледнете локациите – https://bit.ly/2S2bQus
Овие површини во моментов се во незавидни услови или се со нецелосно искористен потенцијал. Со оглед дека локациите се наоѓаат неподредно до булевар со голема фрекфенција на возила, озеленувањето на просторот ќе биде клучен елемент во новите дизајни.
Кога и каде?
Работилницата ќе се одржи во викендите:
- 15 – 16ти февруари
- 22 – 23ти февруари
Учество ќе можат да земат 18 учесници, кои поделени во 3 групи, ќе работат на одредени локации под водство на посветен ментор и група на дополнителни експерти од различни области (архитектура и просторен и пејсажен дизајн, градежништво, иновации, занаетчиство итн.) кои ќе им помагаат во процесот.
Како резултат од работилницата ќе се изработат неколку концепт дизајн проекти за овие простори, кои ќе бидат водилка за нивно идно уредување од страна на градот Скопје и општините.
Пријавете се со пополнување на следната форма: https://bit.ly/36EgAvJ
Сите учесници ќе се здобијат со искуство за:
- Работа во мултидисциплинарен тим
- Спроведување локално истражување
- Ко-креирање со крајни корисници
- Уредување на јавен простор
- Дизајнирање на урбана опрема
- Презентирање на проекти и идејни решенија
- Изработка на концепт за дизајн на простор (во сите негови елементи)
- Сертификат за учеството
Учесниците можат да бидат:
- Студенти од областа на архитектура, просторен или пејсажен дизајн
- Млади архитекти, уметници, пејсажни дизајнери, градежници, инженери
- Сите останати заинтересирани граѓани од било кое занимање кои сакаат и сметаат дека можат да придонесат во процесот
Присуството е задолжително на сите денови од работилницата (во просек 5-6 часа на ден).
Задолжително е носење на свој личен лаптоп за потребите на проектот. Работилницата е бесплатна, работен јазик на работилницата е македонски.
Активноста е организирана од Скопје Лаб – Центар за иновации на Град Скопје со поддршка од Скопската жива градска лабораторија (Skopje Urban Living Lab) и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP MK).
.
За СкопјеЛаб — Центар за иновации на Град Скопје
СкопјеЛаб е Центар за иновации на Град Скопје кој работи на изнаоѓање на иновативни начини за решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочува Градот. Работи како посредник меѓу граѓаните, академските институции, компаниите, секторите и одделенијата на градот, општините и граѓанските организации со цел ко-креирање на заедничка вредност, брзо прототипирање и/или проверка и селекција на иновативни решенија. – https://www.skopjelab.mk/
Автор на статија: Filip Koneski