Предавање на Катанео и Еспости на АФС
12.06.2025 • Информации

Предавањето на архитектите проф. д-р Елиса Кристиана Катанео и проф. д-р Лоренцо Дељи Еспости од Италија, ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет – Скопје на 13 јуни 2025 година со почеток во 11.00 часот.
Проф. д-р Елиса Кристиана Катанео е пејсажен архитект, теоретичар и едукатор, афирмирана за нејзиниот иновативен пристап кон експерименталниот еколошки дизајн и неговите теоретски импликации. Таа е гостин предавач на Институтот за технологија во Масачусец и на Училиштето за дипломци по дизајн на Харвард, а воедно и редовен професор на Политехничкиот универзитет во Милано.
Проф. д-р Лоренцо Дељи Еспости е основач и директор на студиото Дељи Еспости во Милано, со широко искуство во архитектонското проектирање, урбанистичкото планирање и инфраструктурниот дизајн, архитектонски критичар и предавач во неколку европски и американски универзитети меѓу кои Политехничкиот универзитет во Милано, Академијата за уметности во Брера, Атинската програма и други.

Автор на статија: Filip Koneski