ПРЕДАВАЊЕ на проф. Даг Боутсен
05.12.2019 • Информации

Ве покануваме да присуствувате на предавањето на професор Даг Боутсен, декан на Архитектонскиот факултет на Католичкиот Универзитетот Лувен, Белгија. Предавањето ќе се одржи во четврток, 05.12.2019 година со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Предавањето е организирано во рамките на програмата „Деканската серија на предавања“ фокусирани на педагогијата и современата практика во архитектурата.

Професор Даг Боутсен е декан на Архитектонскиот факултет КУ Лувен и работи во кампусите во Брисел и Гент. Како декан на Архитектонски факултет кој припаѓа на еден од најстарите и на меѓународно високо рангираните универзитети во Европа и пошироко, тој смета дека создавањето на просторот за педагогијата во архитектурата е негова главна должност. Заедно со бројни колеги на неговиот факултет, тој е вклучен во активности поврзани со EAAE, организатор е на CA²Re-конференции, ADAPT-r, ARENA, не-пишано истражувачко искуство, креатор на eCAADe, експериментални наставни програми, образование во повеќе кампуси, номадски училишта, европска размена и меѓународни работилници.

Автор на статија: Vase Amanito
АФС / Даг Боутсен / Предавање