Предлози до идниот градоначалник на Скопје / 4 : Пренамена на индустриски објекти – низ примерот на магацините на Славија

Пропаднатите индустриски капацитети  или објекти во служба на производствената индустрија, како што се магацините, во градските средишта одамна во светот се предмет на преразмислување и давање нов контекст во културното живеење на општеството. Оние напуштени објекти кои често се доживуваат како сведок за распаднатата економија во светот ги гледаат како градителско наследство кое може да добие поинаква функција.

Кај нас истите се сведок единствено на тагата, на изгубените работни места и пропаста на едно поорганизирано општество пред 3 децении.

За поинаков поглед тешко можеме да говориме, бидејќи ситуацијата со планирањето е сведена на неразумни површини за градба единствено на колективни станбени објекти и некој трговски центар. Се останато е некако на маргините по желба на инвеститорот.

Скопје и онака не се грижи за своето наследство и од највисока категорија  кое константно  се угушува, подрушува, игнорира, девалвира. Но, крајно време е целиот став за урбанизмот да се промени. Мораме да ги спасиме историските траги и да ги перцепираме како богатство во слоеви. Колку повеќе видливи и активни траги, толку традицијата е жива и сведоците присутни.   Треба да се напушти идејата за учење историја низ фотографии .

Старите објекти кои биле во служба на индустријата се простори во кои може да се вгнезди алтернативната културна сцена, креативна индустрија и функции посветени на младите.

Продолжете со читање на објавата >>> 

Предлози до идните градоначалници / 4: Пренамена на индустриски објекти – низ примерот на магацините на Славија

Погледнете го истражувањето за Славија >>>

МАГАЦИНИТЕ „СЛАВИЈА“ – Локален Центар на случувања