Работилница на тема „Просторот во дигиталната ера“

Од 22 до 24 декември на Архитектонски факултет во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Просторот во дигиталната ера“.

извор >>>

Работилница на „Факултет за работи што не се учат “, Битола во соработка со млади студенти по архитектура.

Концептот на работилницата ги зема во контекст современите технологии и дигиталното доба при проектирањето на просторот.

Оваа работилница вклучува презентации и предавања за архитектонската мисла низ времето како и важноста на различните дисциплини за архитектурата. Се предвидува да се  разгледува конкретен просторен проблем на зградата (ул. Борка Талевски бр.26.), но со интердисциплинарен пристап и современи концепти и технологии (AR, AI, механизација..)

Проектите се очекува да бидат просторни инсталации кои би имале динамички, флексибилни, мултимедијални, сензо-моторни, аудио-визуелни карактеристики, и би одговориле на конкретниот проблем со неконвенционален пристап соодветен на комуникациската ера. Идејата е да се истражат можностите за ново (не)просторно искуство.

Во центарот на овој проект е Железничката зграда во Скопје, уникатна зграда во Скопје, градена кон крајот на 40-тите години на минатиот век. Оваа зграда е пример за социјално живеење и делување која во своите рамки вклучува кино и периметарски блок кој уоквирува двор.

Работилницата се предвидува за 12-20 учесници поделени во групи по 4 лица и е во соработка со „Факултет за работи што не се учат“, Битола и млади студенти по архитектура.

Работилницата е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“ спроведуван од „Факултет за работи што не се учат“, Битола, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, во соработка со Архитектонскиот Факултет при УКИМ.

***Пријавување на organizationfru@gmail.com, со 2-3 реченици за причината за интересот и од кој факултет. Рокот за пријавување е петок (21.12.2018) до 16:00ч.

Повеќе информации за настанот >>>

Автор на статија:

/