“ШОПИНГ” КОНСУМЕРИЗАМ ИЛИ СИМУЛАКРУМ / Петревска, Крстевска

Проект: “ШОПИНГ” КОНСУМЕРИЗАМ ИЛИ СИМУЛАКРУМ

Студенти: Маја Петревска, Ангела Крстевска

Семестар: VII семестар 2021/2022

Ментори: проф. д-р Михајло Зиноски

Соработници: асист. м-р Јана Брсакоска

Архитектонски Факултет – Скопје

Универзитет “Св. Кирил и Методи” во Скопје

 

КОНЦЕПТУАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА

I

СОЦИЈАЛНИ КОНДЕНЗАТОРИ ВО ОПАЃАЊЕ или ДАЛИ ОТВОРЕНОСТА НА ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ ЈА ГАРАНТИРА НИВНАТА СОЦИЈАЛНА ДИМЕНЗИЈА?

Човекот, преку самиот град, ја спознава и создава анатомијата на сопствениот личен идентитет,
проектирајќи ги своите вредности, репресирани мемории, слабости, соништа и стравови врз градот Скопје треба да се третира како нежен и лабилен организам кој е најверен израз на (де)континуитетот на културниот прогрес и критичката мисла, проживувајќи и воедно соголувајќи ја состојбата на континуирана колективна траума. Градот, соочен со агресивното соголување од секакво подлабоко значење и слобода на интерпретација, соочен со парафразирање на сопственото минато е во константна и континуирана состојба на траума и шок, беспомошен во спречувањето на сопствениот пад Во град кој не препознава херои, сите ние сме современи анти херои кои придонесуваме за метафоричкиот пад на градот, преку нашите обрасци на однесување кон градските простори, кон архитектурата, кон самите себеси но и во меѓучовечките релации. Скопје е далеку од она што би се дефинирало како идеален град, а сепак, ние, анти хероите може да излеземе надвор од сопствениот заробен простор и да се изгубиме во ќошињата на нашиот неидеален град, водејќи монодијалози со сите негови доблести и маани

II

КРИТИЧКИ ОСВРТ НА СОЦИЈАЛНИТЕ, КУЛТУРНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ
АСПЕКТИ НА КОНСУМЕРИЗМОТ

1.  Појдовна точка при дефинирање на генералната насока
при заземање на проектантски став преку користење на
критички пристап кој има за цел да ја дефинира проблематиката пред да се пристапи кон трансформација на конзумеристичката програма декомерцијализирање на комерцијалното. Консумеризмот во својата најопшта смисла се дефинира како општествен и економски поредок и идеологија која поттикнува на постојано стекнување на материјални добра и услуги во сè поголеми износи. Консумеристичката култура се доживува како напад на автентичноста и индивидуалноста. Кога станува збор за критика на консумеризмот, тука веќе навлеговме и во познатите наративи на анти консумеризам

НАРАТИВ НА ЕЛИТИСТИЧКИ АНТИКОНСУМЕРИЗАМ

2. Воспоставените наративи за антиконсумеризам многу често се елитистички во својата срж и се доживуваат како показател за интелектуална супериорност или културен отпор. Добро познат ни е наративот дека бунтот кон поп културата или масовната култура како форма на културен отпор е знак за демек интелектуална супериорност. Анти консумеризмот некогаш се доживува и како тврдоглав елитизам кој добива форма на социјален и популарен тренд, следствено на тоа губејќи ја поентата. Во веќе воспоставените наративи за антиконсумеризам доминира оној кој го застапува ставот дека консумеристичката култура ја загрозува автентичноста, како на индивидуалецот така и на нацијата, бидејќи на некој начин ја феминизира автентичнсота т.е ја прави индивидуата будалеста, тривијална, без контрола и со слаб карактер. Воедно, ова е наратив во кој жените се поставуваат на страната на конформноста бидејќи жените се перцепирани и таргетирани како најголеми консументи додека мажите кои исто така подлегнуваат на консумеристичката култура но имаат право да се жалат и се поставуваат на страната на отпорот и бунтот кон оваа консумеристичка култура која до одреден степен се обидува да ги феминизира. Ова е застарен наратив кој го обновува традиционалниот родово базиран систем и кој не разбирам како се уште е релевантен, но факт е дека опстојува.

MASCULINITY REBELLION / FEMININITY CONFORMITY

3. Многу често, отпорот и презирот кон консумеристичката култура се префрла и кон самите консументи. Тука го имаме и ставот дека консумеристичката култура, поп или масовната култура ја загрозува индивидуалноста, автентичноста, вистинското значење и вистинската вредност на нештата. И покрај тоа што автентичноста е одамна комерцијализирана и приспособена, искористена во реклами и политички кампањи, фантазијата за пронаоѓање и бранење на  автентичноста се уште опстојува, како форма на протест против консумеризмот

A THREAT TO INDIVIDUALISM

4. Интересно е ако се гледа од аспект на тоа како консументот го дефинира и конструира својот идентет преку актот на консумирање . Кругер конкретно го застапува ставот дека јавноста веќе не се дефинира себеси преку она што го мисли , туку преку она што го поседува , критикувајќи ја површноста на современото општество . Сопственото постоење се дефинира преку актот на консумирање , а дистанцата помеѓу тоа што една индивидуа е и тоа што треба да биде ги поттикнува луѓето да се впуштат во потрага по поседување на што повеќе работи што ќе ги доведат поблику до воспоставениот идеал .

THERE MUST BE MORE TO LIFE THAN CONSUMERISM

5. Како да ја искористиме консумеристичката култура без да ја нагласиме? Kако да постои комерцијалното но не во својата традиционална форма? Kако да создадеме објект со продлабочено значење Користење на консумеризмот за промовирање на локално производство и мали локални / маалски бизниси кои се поодржливи од гигантски продавници, како баш преку тие мали локални бизниси да го зацврстиме чувството на заедница. Главна цел е трансформирање на значењето на трговски центар во нешто што ќе претставува еден вид омаж на дебар маало од минатото, т.е она за кое што дебар маало беше симбол силно чувство на заедница и задоволување не само на консумеристичките потреби туку и на интелектуалните и културните потреби. Целта е да се создаде објект отворен за интерпретација, кој ќе го декомерцијализира или ублажи комерцијалното и кој ќе добие повеќе значења и функции, ослободен од традиционално воспоставените интерпретации.

ТРАНСФОРМАЦИЈА / СЛОБОДА НА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Bo продолжение ви ја пренесуваме во целост презентацијата на студентите кои ја имаат изработено во вид на публикација.