Skopje. Transmissions from the Past Century’s Most Ambitious Transnational Urban Project / Lobanov, Yavorskij

Автори: llya Lobanov, Sergey Yavorskiy

Издавач: Stylobate

Година на издавање: 2023

 

 

 

 

Скопје и неговото постземјотресно наследство продолжува да биде тема и предизвик за истражување за љубителите на архитектурата ширум светот. Драго ни е што на овие истражувачи, Марх им е водичот и база на податоци од каде почетно се информираат.

 

 

 

 

Лобанов и Јаворскиј на 300 страни создаваат водич за Скопје, во кој се селектирани 31 објект изградени по 1963та година. Издавачот вели дека колективот оваа публикација ја подготвил како извештај од една истражувачка експедиција, во поголем дел фактолошка но и во делови шпекулативна. Авторите го претставуваат Скопје како најамбициозен транснационален урбанистички проект на XX  век.

 

 

 

За сите одбрани објекти постои текстуално образложение и повеќе авторски фотографии, испечатени во црно бело. На последната страна авторотот упатува и на интернет врска, преку која можете да ги добиете локациите на објектите  доколку се одлучите да ги посетите.