Спортска сала „Расадник“ / Волканов

Архитектонски факултет Скопје / Институт за студии и проектирање „БЕТОН“ – Скопје

Автор: Михајло Волканов

Учесници цо проектирањето/ соработници: Гоце Аџи-Митревски, Мирче Кокалески,  Доминика Бошкова, Ѓорѓевиќ Љубиша,  Симеон Танев, Ленка Јанева, Цветанка Мечалова

Година на проектирање: 1978 / 79 година

Година на изведба : 1970 / 83 година

Изведувач: ГРО  „Гранит“ – Скопје

Инвеститор: Собрание на град Скопје ( самопридонес )

Награди: Прва награда на јавен  арх. конкурс (1978), Специјална награда на I  биенале на македонската архитектура (1981) за проект – студија

Извор: Бимас 1985

 

 

 

„Спортската сала „ Расадник“ во Скопје, претставува реализација на архитектонски објект, при чие проектирање се конкретно применети  резултатите од една научно – истражувачка работа. Салата е изведена врз база на  усвоеното и првонаграденото идејно решение на јавниот конкурс, распишан 1978/79 година за „типска“ фискултурна сала и „типско“ затворено пливалиште.

Со предложената методологија беа понудени основни функционални, архитектонски и конструктивни делови-елементи, со чие комбинирање можат да се направат повеќе варијанти на спортски сали односно спортски пливалишта. Изведениот проект претставува една можна варијанта.

 

Основа со пресеци

 

Во нерамномерниот судир на теоријата и праксата, по кој знае кој пат, поради објективни и субјективни причини, беа изнудени низ од компромиси на релација идеја – реализација.

 

 

И покрај тоа што на својот пат од проект до изведба, спортската сала „Расадник“,  помина низ многу перипетии, кои на овие архитектонски меридијани се толку чести , сепак таа задржа  во конечната реализација повеќе од позитивните карактеристики на оптимално архитектонско обликување, инзвонредна функција и рационалност. “

 

 

Објектот денес претставува општински срам повеќе од 20 години, целосно деградиран и запуштен.

 

Објектот со  доградбата / Google maps

 

Уште еден урбанистички „бисер“ на општинците е овозможувањето на ваквиот тип  објекти да се доградуваат и надградуваат со секој нов ДУП. Тоа во минатото резултираше со неразумна функција – ресторан, со уште понеразумна естетика и проектантски неморал во облик на доградба.  Таа си доби уште неколку за денес да претставува едно архитектонски метастасирано тело со тумори .