Станбена единка на соседство „А1-3“/ Населба Аеродром
06.06.2019 • ХХ век / II половина
Автори: Александар Смилевски, Параскева Гребенарова, Љупчо Гогов, Данаил Јанчулев, Марија Грчева, Војкан Филевски
Година на проектирање: 1977-78
Година на изведба: 1979-82
Изведувач: РГО „Бетон“ – Скопје
Инвеститор: СИЗС – Скопје
Извор: Бимас 1983
Фото: Google street view
Доследно е реализиран концептот на создавање внатрешна пешачка улица, валоризирана со раздвижени просторни елементи што формираат додатни интимни простори за собирање, средби, зближување на луѓето со предбавчи.
Предложените проекти ја развиваат идејата за хуманизиран простор на сите нивоа на просторната организација, темелени на реалните потреби и можности.
Идејата за хуманизиран простор има конкретно значење и подразбира ниво на реализација што се одликува со:
- голема и разновидна употребливост;
- содржински и ликовни вредности што ја почитуваат природата на човековото живеење внесувајќи нови квалитети;
- рационалност што се огледува низ почитување на одредени нормативи и стандарди, низ типизација на одредени просторни елементи и обид за нивно оптимално вклопување во станови со различни структури и големини, низ типизација на сите градежни конструктивни и ликовни елементи, како и елементи на опрема, со максимална унифицираност.
Ликовниот израз и обликувањето, се темели на традиционалните елементи на нашето архитектонско наследство, искажано со освремени материјали.
Тековна состојба:
Автор на статија: Filip Koneski