Станбени блокови – Железара / Крстев

Биро: Институт за студии и проектирање на РГО „БЕТОН“ -Скопје

Блокови: В10, В10-1, В11, В11-1, В12, В12-1

Автор: Крстев Драган

Соработници: Маркова Тодорка, Димитровска Аница

Година на проектирање: 1981 год.

Година на изведба: 1983-84

Изведувач: ГРО „Илинден“ ООЗТ „Илинденградба“ Скопје

Инвеститор: СИЗ за домување – Скопје

Извор: БИМАС

 

Позиција на блоковите во однос на Парк шумата „Гази Баба“

 

Станбените блокови претставуваат дел од населбата Железара, опфатена во генералниот урбанистички план на Скопје.

Постојниот локалитет е атрактивно градско подрачје кое произлегува како од природните услови (близина на паркот „Гази Баба“, природната конфигурација на теренот), така и релативната близина на центарот на градот.

Постојните објекти во овој дел и даваат особен карактер на станбената зона и идната изградба  треба дефинитивно да ја заокружи истата.

Меѓу постојната улица „815“ и новопроектираната сервисна улица на југозападна страна, проектирани се неколку продори и каскадни платформи кои претставуваат површини со повеќе намени.

Основната намена на блоковите е простор за домување (108 стана), додека партерот претставува површина со повеќе намени и тоа: занатска дејност, разни општествени простории, детски игралишта, зелени површини, пешачки стази и други намени кои претставуваат еден архтитектонски ансамблвклопен во постојниот локалитет, а во рамките на урбанистичката концепција на целиот комплекс.“