TEDxSeptemvriskaSesijaSalon на тема „Education: Flipped Classroom”
18.10.2017 • Информации
Во просториите на Social Innovation Hub – ФИНКИ, на ул. Руѓер Бошковиќ 16 на 25.10.2017 (среда), почнувајќи во 19 часот ќе се оддржи 19тиот TEDxSeptemvriskaSesijaSalon настан на тема „Education: Flipped Classroom“.
Моменталниот облик на образование е крут и неадаптибилен за нови иновации, а со тоа е далеку од начинот и темпото со кои приватниот сектор функционира. Со користење на оваа нова алатка наречена „превртена училница“ би можело секое предавање да се персонализира за секој студент посебно, да се искористи максималниот потенцијал на професорите, но најмногу од се, да ги поттикне учениците да креираат нови идеи наместо само да ги апсорбираат.
На кратко, т.н. “Flipped Classroom” е стратегија која го заменува традиционалното предавање со доставување наставни содржини, кои многу често се онлајн. Ова дозволува многу повеќе интеракција за време на часовите, развивање на дискусии, дури и истражување дадено како домашна задача со поддршка од ментор. Имајќи ги предвид податоците кои ни се достапни на оваа тема, ова се некои од прашањата кои ќе ги дискутираме на нашиот настан: Дали моменталниот облик на образование и поставеноста на самото предавање во стандардното образование води до подобрување? Дали треба да има иновации во моменталниот начин на работа или она што можеме да го обезбедиме на нашите студенти е оптимално?
Исто така, ќе дискутираме за можностите кои ни ги нуди новата технологија, како сé можеме да ја искористиме, и начините на кои може да се вметне во веќе постоечкиот формален систем на образование. Целта е да размениме мислења како може да се искористи оваа „превртена училна” во нашето општество и да ги разгледаме успешните модели кои се користат на странските универзитети. Настанот е предводен од страна на група волонтери и со поддршка на СкопјеЛаб – Центарот за Иновации на Град Скопје, Град Скопје, ФИНКИ – Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство, Social Innovation Hub Skopje и SmartUp – Social Innovation Lab.
Сите заинтересирани може да дознаат повеќе на официјалниот Facebook event.
Апликациите за присуство на настанот се затвораат на 22.10.2017, 12:00 часот.
Сите заинтересирани дополнително може да го следат настанот по пат на
Live stream кој ќе започне во 19 часот и ќе биде емитуван на линкот подолу.
https://www.facebook.com/tedxsihsalon/?ref=br_rs
Повеќе за Salon типот на настани може да дознаете овде:
https://www.ted.com/participate/organize-a-local-tedx-event/before-you-start/eventtypes/
salon-event
Линк до официјалниот настан на TED.com
https://www.ted.com/tedx/events/24774
Автор на статија: marh
Education Flipped Classroom / SeptemvriskaSesijaSalon / TEDx