Terra Viva Competitions го распиша конкурсот за наутички клуб во Охрид

Интернационалната платформа за организирање на меѓународни конкурси за архитектура, TerraViva, го распиша првиот од двата конкурси со теми кои обработуваат локации во Македонија.  Истите беа одбрани преку претходен повик кој всушност беше потрага за нови предизвици низ светот, т.е потенцијални простори за распис на меѓународни конкурси.

Новораспишаниот конкурс е објавен како еден од победничките предлози, изработен од Ева Зовиќ и Анастасија Ристеска.

Во фокусот е пренамената на Одморалиштето на Феријалниот Сојуз  во Охрид,  дело на архитект Борис Чипан и воедно вредно модернистичко наследство на македонската архитектура. Функцијата која треба да ја добие овој објект преку повикот е наутички и социјален клуб .

За што станува збор подетално погледнете од извадокот од проектната документација во продолжение:

 

 

Целиот материјал и правила за учество можете да ги најдете кај изворот >>>