The path of life / Исаки, Аризанковска, Чорба

 

DOCExDOCE се интернационални конкурси за студенти во кои учесниците во рок од 12 часа треба да одговорат на архитектонска задача. Оваа година тие требаа да реинтерпретираат импозантен индустриски комплекс во Шпанија познат како Tres Xemeneies (Трите оџаци).

Ви го претставуваме македонскиот тим чиј проект беше избран помеѓу првите 12 од вкупно 437 апликации. Студентите Исаки, Аризанковска и Чорба од Архитектонскиот Факултет при УКИМ – Скопје, се фокусираа на историјата на градбата и предложија  симболичка реинтерпретација на нејзините оџаци во меморијален и изложбен простор.

 

 

 

Опис на конкурсната задача и локација

 

 

 

Tres Xemeneies (Трите оџаци) имаат долго, комплицирано минато кое што ги доведе да бидат напуштени и речиси урнати. Овие оџаци високи околу 650 метри, изградени се во 1970-тите како дел од термоцентралата. Дури и пред отварањето индустриската структура беше опфатена со контроверзии. Денес овие оџаци се споменик на луѓето што ги изградиле, симбол на нешто несакано, но прифатено и ценето со целато негово комплицирано минато. Гледајќи ги овие импозантни инженерски подвизи, не е ни чудо зошто локалните жители ги нарекуваат „Саграда Фамилија Де Лос Обрерос“ или „Саграда Фамилија на работниците“.

 

 

 

Las Tres Xemenies de Sant Adrià, Sant Adrià de Besòs, Barcelona

 

 

 

 

 

Идејата за нашиот проект ја започнавме со осврт кон историјата на градбата и нејзините трите иконични оџаци (TRES XEMENEIES). Тие дури и низ војната остануваат силни, издигрнати, “горди” како симбол на живоста на народот и отпорот кон сите пречки. Поделбата на трите зони произлегува од секвенците на човечкиот живот: зеленилото, како раѓање, разбудување и осознавање (NATIVITY), галеријата како трагите на живеењето на човекот оставени преку неговото творење (PASSION) и за крај, на врвот искачување по карпа како движење кон небото, односно желбата за постигнување на грандиозност (GLORY).
Со сето ова се референцираме на трите кули на La Sagrada Familia.

NATIVITY PASSION GLORY

Oд студентите