Третонаграденo идејно архитектонско решение на Конкурсот за Спортска сала во Цетиње

Година: 2022

Конкурс: Prijestonica Cetinje / Ulica Baja Pivljanina br. 2 - Cetinje, Crna Gora

Автори: Христијан Ивановски, Александар Симјаноски, Благоја Димитриески, Викторија Богданова, Мартина Штериова

Локација: Цетиње, Црна Гора

КОНЦЕПТУАЛНО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

“Neka bude borba neprestana,

neka bude što biti ne može –

nek ad proždre, pokosi satana!

Na groblju će iznići cvijeće

za daleko neko pokoljenje.“

Gorski vijenac, Petar II Petrović Njegoš

ПРАГМАТИЧЕН МОНУМЕНТ: ОДГОВОР НА УРБАНИСТИЧКО-АРХИТЕКТОНСКИ ЈАЗИК НА ЦЕТИЊЕ

Цетиње е место богато со историски и културни наративи кои се силно присутни во самото срце на градот. Од мистичниот манастир на светиот рид, низ резиденциите на легендарното владејачко семејство Петровиќ Његош, архитектонските приказни се расплетуваат до современите огледала на културата и културното наследство во Црногорската уметничка галерија, Факултетот за ликовни уметности, печатницата Обод (Амбрамовиќ & Koolhaas) и зградата на поранешната воена касарна.

 

 

Посебна карактеристика на цетинската архитектура е тоа што не може да се гледа независно од јасните урбанистички закони: улицата Његошева, централната оска на градот, претставува ѓердан од ниски периметрални блокови. За монументалните архитектонски организми, како што се Националниот музеј, билијардот (во целина со градината и околните ѕидови) и зградата на општина Цетиње, можеме да кажеме дека тие се мегаструктури кои имаат големина на цел периметрален блок – инаку составени од неколку мали единици – во еден објект.

Новата спортска сала во Цетиње претставува токму една таква мегаструктура од значаен јавен карактер, која со својата функција и големина воспоставува врска со постоечкиот јазик на градската структура. Сместена во спортската зона на самиот раб на центарот на градот, спортската сала е доволно тивка за да не биде агресивна во однос на новата спортска знаменитост – стадионот – а во исто време е доволно гласна и репрезентативна за да стане нов просторен „цвет“ во градот. Салата е обележје што ја надминува спортската содржина и ја содржи и отсликува пошироката приказна за духот на тоа место, значајна и за жителите и за љубителите на спортскиот и културниот туризам.

 

Развивање на формата
ЧИТАЊЕ НА ДИХОТ НА ЛОКАЦИЈАТА: НОВО ЦВЕЌЕ ВО СПОРТСКАТА ЗОНА

Новата спортска сала се наоѓа помеѓу новиот стадион на југоисток, зградата на спортскиот центар „Војни стан“ и првата црногорска касарна на југ (и супермаркет поставен на истата оска), станбена зграда на запад, и градини на север. На запад има шума која ја дели локацијата на новата спортска сала од гробиштата пред капелата со црквата Рождество Богородица. Од 2013 година ДУП-от го истакнува овој фрагмент од локацијата како „амбиентален и историски мотив на градот“ со значајни историски вредности“ – четинарите и споменикот го претставуваат споменот на паднатите австроунгарски војници.

 

Зонирање на функционалните намени во фаза I и фаза II / Формирање подолжни појаси

 

Поаѓајќи од оваа ситуација, фаза 1 и фаза 2 во проектот се решаваат како серија на надолжни појаси, кои воспоставуваат дијалог со околниот контекст, од исток кон запад:

1. Шума и едукативен парк во близина на австроунгарскиот споменик
2. Спортска сала со плоштад пред главниот влез од јужната страна
3. Трем – проширување со поглед кон планините на источната фасада на салата
4. Зелена рампа што го поврзува нивото на тремот (1,50 m) со нивото на шеталиштето (0,00 m)
5. Шеталиште како главна пешачка врска до центарот, автобуската станица и основното училиште
6. Отворен амфитеатар и трем, ориентирани кон екранот – фасадна проекција за посетителите во случај на преголем интерес за натпреварите, а во исто време да нема доволно простор во самата сала, во случај на кино проекција и други културни настани како и во случај на отворен саем – базар
7. Елипсоиден плоштад – голем повеќенаменски простор со тениско игралиште и жардинери со дрвја. Дополнителен паркинг е достапен под земја.
8. Шумата како звучна заштита кон станбената улица од источниот агол.

 

Кохезија на содржините

 

Поглед од фаза II кон фаза I (спортската сала, променадата)

 

Додека архитектонската форма на Спортската сала е поставена под прав агол на страните на светот, втората фаза го следи правецот на градежната линија, додека нејзината основна цел е да се изгради на главната оска што минува пред Спортскиот центар (Војни стан) и продолжува сè до автобуската станица, основни училишта, пазари, паркот околу Влашката црква и на крај – централната улица Баја Пивљанин.

БЕЛ ПРАГМАТИЧЕН МОНУМЕНТ: ЕДНОСТАВНОСТ НА ФОРМАТА И СТРОГОСТ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ИЗРАЗ

Архитектонската основа на новата спортска сала манифестира рационално решение, организирано околу трибините од источната и западната страна. Првиот дел е составен од трибини на извлекување (монтажни), кои може да се отстранат доколку е потребно кога се одржува настан со повеќе посетители. Вториот дел од трибините на западната страна е фиксиран. Оваа типологија на решенија овозможува јасност на движењето на посетителите, флексибилност во користењето на просторот и исклучително големо присуство на природна светлина.

 

Ситуација на терен со фаза I и фаза II
Поглед кон јужната страна – главниот монументален влез во салата

 

Приказната за пристапот до зградата започнува на влезниот плоштад, формиран со повлекување на влезниот дел. Самиот влез е решен со скали под ресторанот, сместен во истакната конзола. По симнувањето по скалите, посетителот купува билет и го продолжува движењето кон проширеното фоаје и оттаму оди на своето место, низ горните скали. Посетителите со билети можат да влезат на главниот влез, по рампа што се издига од нивото на тротоарот. Патеката на посетителот продолжува до просторот за оставање облека, и продолжува кон салата преку два контролни внатрешни влезови.

 

Ситуација на ниво -1

 

Посебен елемент на влезниот фрагмент е белата фасадна обвивка која го опфаќа целиот периметар на објектот, со тоа што на јужната влезна и западната страна се издвојува како трем кој меѓу себе создава покриен простор: отворен, а внатрешен и речиси церемонијален. Појавата на оваа просторна прегратка создава впечаток на голема монументална Бела порта, физички и метафизички „возвишена“ со рампа која води до стаклениот влез. Порта е симбол на мирот и меѓународното добредојде, бидејќи спортот не познава национални или верски граници.

 

 

На северната страна е администрацијата, со менаџер, сала за состаноци и прес-сала. Прес-салата е ориентирана кон втората, зелена, фаза на интервенцијата, со поглед кон прекрасните планини од источната страна. Кога ќе заврши натпреварот, концертот или конференцијата, посетителите можат да излезат на источната или јужната страна. Друга излезна опција е пристапот во западниот парк, каде што има шума со историско-образовна патека. На највисокото ниво над фиксните трибини има соби за ВИП посетители.

 

Основа на ниво -1
Основа на приземје
Основа на галерија

 

На ниво на спортскиот простор, под трибините има соблекувални за спортисти и простории за чување спортска опрема. Во јужниот фрагмент има продавница до која се стигнува од фоајето, а во северниот дел има четири простории за спортски клубови, судии, комесар, управник, брза помош и допинг центар.

Пристапот за автомобили е решен со рампа поставена на работ на градежната линија од западната страна, со тоа што во централниот дел е проектиран мост за излез кој води до историскиот парк. Рампите водат до гаражата на подземното ниво, која содржи и технички простори. Решен е уште еден подземен паркинг на територијата на втората фаза. Гледајќи го големиот потенцијал на оваа локација како туристичко-атрактивна област со прекрасен поглед и прекрасна локација – на работ на градот, а во близина на самиот центар – предложивме потребниот паркинг да се реши под земја, преку два приоди од северна и јужна страна. Паралелно е уреден паркинг на автобуси на северната улица Обилица.

 

Петта фасада

 

ПРОСТОРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Концептот на салата – отворен план – овозможува голема флексибилност и функционална поделба на просторот. Посетителите пристигнуваат од јужната страна, пеш и со автомобил. Директниот влез за оние со билети (онлајн резервација) е преку монументалните скалила.

Фаза 2 содржи подземен паркинг со идентичен пристап. На северната страна има паркинзи за автобуси, додека внатрешноста е за 144 автомобили, со можност за изградба на уште едно ново подземно ниво доколку има потреба.
Така, успеавме да обезбедиме 365 паркинг места (или 500 доколку се предвиди уште едно подземно паркирање во втората фаза), 108 велосипеди и 56 мотоцикли.

 

Поглед кон фаза II

 

Во салата имаме два фрагменти од „асиметрични“ трибини. На ниво -1 има (симетрични) монтажни трибини со капацитет од 1260 седишта, поделени во 5 блокови. На западната страна има фиксирани трибини, со капацитет од 840 гледачи. На галерија е проектиран простор за ВИП посетители и медиуми, 50 + 24 седишта. На јужната страна се поставени места за лица со посебни потреби, а до нив се стигнува директно со лифт без пречки.

Во овој контекст, салата содржи околу 2200 седишта. На настани каде што површината на теренот е помала (кошаркарски натпревар), може дополнително да се постават телескопски седишта: тогаш салата може да прими 2800 посетители.

 

Пресек 1-1
Северна фасада

 

КОНСТРУКЦИЈА И МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА

Основниот концепт на конструктивниот систем се заснова на класична сала. Главната предност на овој систем е рационалноста во однос на цената на целокупната инвестиција. Станува збор за комбинација од армирано-бетонски елементи со челични линеарни решетки и рожници.

Основниот модул е ​​8 x 8 метри. Овој модул дава голема флексибилност во користењето на објектот. Темелот е проектиран да биде со темелна плоча (дебелина 80cm), која е зајакната на главните периметарски столбови каде што лежи челична решетка со дополнително проширување од 350cm и висина од 100cm, со цел адекватна распределба на товарите. Столбовите во подземните нивоа се 50 x 50 cm, со греда висока 40 cm и армирани со бетонски плочи од 20 cm, на распон од 8 m. Вертикалните комуникации (скали и лифтови) се поставени на работ, за да се укрути целината.

Изборот на материјалот се развива преку две различни приказни. На јужната страна фасадата изгледа монументално: во овој дел како основен израз е предвиден каменот. Брачкиот камен ​​поставен на подконструкција за да се овозможи вентилирана фасада. Овде имаме минимален број на стаклени површини, со цел да се изрази масивноста на волуменот.

Источната и северната фасада се делумно утилитарни, со стаклени отвори за инсолација на внатрешните простори. Воедно, има заштита од навлегување на пресилно сонце благодарение на декоративната перфорирана метална фасада која „бравнува“ по целата должина, криејќи механички и технички елементи.

 

 

УРБАНИСТИЧКО-АРХИТЕКТОНСКА ПОСТАВЕНОСТ

Главниот пристап за посетителите, како што се бара, е на јужната страна, преку монументални скали и рампа. Од десната страна е влезот во сутерен, кој води до билетарницата и продавницата. Од левата страна е влезот преку рампата, за посетителите кои приоѓаат од улицата Војводе Божа. Кон исток р ориентиран ресторанот, кој може да функционира и самостојно, со посебен влез од оваа страна.

На север се наоѓа службен влез и влез за спортист

и. Рампата на западната страна, која е излезната рампа, може да послужи и како платформа за доаѓање на играчите директно во подрумот. Рампата има и дополнителна функција за престројување на автобусите. Во овој случај, рампите се затворени за посетителите, со цел да се изврши гестот.

Во фаза 2, влезот на паркингот е на јужната страна од улицата Војводе Божа, додека излезот е на северната страна, преку улица Обилиќева.