Објектот на новиот Турски Театар продолжува да се гради

По неколку годишна пауза, во текот на последните месеци продолжи изведбата на новиот Турски Театар во Скопје. Поставен на фрекфрентна локација непосредно до Транспортниот Центар, театарот ќе фигурира како капитален културен објект во центарот на градот.

Проектот за изведба за театарот е изработен на основа на првонаграденото конкурсно решение за идејно архитектонско решение на архитектот Виктор Михајлов.

Сместен е во близина на поранешното балетско училиште и ќе располага со вкупно осум нивоа од кои пет надземни и три подземни. Театарот е проектиран да содржи две сцени со вкупен капацитет од 479 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет на посетители до 150, додека големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки да функционира и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала.

Во продолжение фотогалерија од моменталната состојба на објектот. Последните изведени работи вклучуваат челична призма на фасадата која ќе биде носечка конструкција за предвидената стаклена фасада.

 

 

Изведувач на работите е градежната компанија „Бетон“. Во 2014та година сајтот на Турскиот Театар објавува низа на фотографии од поставувањето на каменот темелник, прогресот на изведбата на објектот до тогаш, како и 3Д визуелизации од театарот.

 

Визуелизација на Турскиот Театар. Извор: http://www.turktiyatrosu.mk/nov-teatar/
Визуелизација на ентериерот на театарот. Извор: http://www.turktiyatrosu.mk/nov-teatar/

 

Автор на статија: