„Vel city ” – Велес/ Студио Каламар 2015

Локација: Велес

Автори: студио Каламар ( Словенија)

Година на проектирање: 2015

Извор: velcity.mk

03ПРОЕКТ “VEL CITY”, НОВА ДИНАМИКА НА ГРАДОТ ВЕЛЕС

Проектот “VEL CITY” внесува нов концепт на урбан центар кој на едно место во градот генерира многу функции, а на тој дел од градот дава животна динамика во текот на целиот ден. “VEL CITY” комплексот со програмите се отвара на сите страни. Во долниот дел е динамичноста со трговски, сервисни и угостителски објекти, додека на горниот дел се предвидуваат две ламели со станови кои даваат динамика и на другите делови од комплексот. Се заедно проектот во градот носи нов оптимизам кој ќе се прошири и во пошироката околина. Главен изразен елемент се двете крила за станување кои почнуваат со мека ондулирана фасада спрема уличната страна и продолжуваат се до страната која гледа кон паркот, а со терасите се остварува динамика која јасно го назначува системот на јавен и внатрешен простор.

02Покрај таа динамика имаме и динамика на релјефен терен која се состои со снажна вертикално структурирана база. Како што може да се види црвената цигла е доста присутна во просторот и затоа што истата е пријатна и е направена од природен материјал ќе се искористи за изградба на фасадата. Силни волумени на фино текстурана цигла во различни позиции ќе направат целиот изглед на зградата да трепери во фин црвенкаст тон.

07
Инвеститорот го познава пулсот на опкружувањето, а во градот носи и искуства од многу проекти. Проектот “VEL CITY” смело и со сигурни раце одговара на потребите на денешницата, но од иста страна во себе ја носи и визијата на иднината поради што долго време во градот ќе внесува оптимизам.

06

БОГАТ ЈАВЕН ПРОГРАМ

Трговскиот центар за посетителите со главниот влез се отвара од северната страна каде од таа страна е уреден отворениот паркинг простор, влезот во подземниот паркинг простор и влезот за достава во трговскиот центар. На источната страна од трговскиот центар има значаен влез во горниот дел кој го користи падот на теренот и терасите со ориентација спрема парковите.
Трговскиот центар го организиравме во две нивоа на тој начин што двете нивоа се атрактивни. Во долното ниво е предвиден голем супермаркет со неколку помали локали. Во горното ниво кој исто така има директен пристап од улицата на источната страна и од западната страна каде што се наоѓа паркот, на ќошевите се предвидени продавници за спортска и техничка опрема. На главните позиции се поставени одредени угостителски објекти како на пример кафе-барови и ресторани.
Влез во трговскиот центар можен е и преку отворениот паркинг дел каде што посетителите ќе можат да користат колички директно на тротоарот. Дел од локалите се ориентирани директно на улицата и на терасите спрема паркот така да на главната улица се чувствува и активноста од трговскиот центар. Неколку локали се ориентирани на главната улица, а убав амбиент се остварува и на западната страна која со косата фасада на објектот се дига заедно со терасите кои се свртени спрема паркот. Висинската регулација овозможува организирање трговски дел и во внатрешниот атриум кој претставува врската од главната улица, спрема парковите во позадина на комплексот.
На јужниот дел од комплексот предвидено е и уредување на мала детска градинка и лекарски ординации како на пример стоматолошки, дијагностички или педијатриски амбуланти,. На овој начин во рамки на проектот предвидени се здравствени и услужни сервиси за граѓаните кои би им го олесните животот на станарите и на граѓаните пошироко. Да би се овозможило употреба на јужното приземје за јавна функција, висинската регулација е решена со скали и тротоари. Со овој вид на програмски концепт со екстра квалитет целиот комплекс одговара на многу урбани потреби и со тоа стварно станува урбанистички центар кој ќе генерира многу градски активности.
Во внатрешниот дел измеѓу двата станбени објекта, во приземјето на трговскиот центар уреден е внатрешен атриум кој служи и како врска помеѓу патот од источната страна и паркот кој се наоѓа на западната страна. Внатрешниот атриум добива улога на плоштад, каде има можност да се развие урбаниот ритам.

VEL CITY

ОДЛИЧНИ СТАНОВИ

ModelНад трговскиот центар во првата фаза и над јавниот дел во втората фаза, во повисоките катови се наоѓа станбеното уредување. Станбените објекти се составени од две крила и имаат ориентација спрема југо-запад и северо-исток. На југо-западната страна становите се со поголема длабочина, а на северо-источната страна становите се со помала длабочина и поголема должина за да имаат подобро осветлување.

ModelСите вертикални врски се ориентирани спрема северо-исток. Големината на становите се од 32 до 72 метри квадратни, но со здружување на единици можно е да се добијат и поголеми станови. Затоа што целиот комплекс е поставен на модуларен систем во текот на изработка на проектот можно е пропорциите помеѓу малите и големите станови да се прилагодат по желба. Ширината на станбената ламела од 17 метри претставува оптимално решение за организација на становите спрема надворешната/улична и внатрешната/дворната ориентација.

ModelРаспоредот на становите се конципирани за современите луѓе и со внимание на највисоко ниво на ефикасност на површина. Самиот распоред овозможува висока функционалност на употреба и флексибилност на индивидуалното обликување на животниот амбиент.

Model

ModelАТРАКТИВНИ УРБАНИ ПОВРШИНИ

ИСТОК: На источната страна главната улица е во снажна косина, предвидено е уредување со тротоари кои со скали се поврзани со самиот објект и на тој начин се добива урбан ритам. Висинската разлика измеѓу патот и тротоарот се спојува со ѕид кој е со зелена површина.

VEL CITY

 

СЕВЕР: На северната страна надворешното уредување е во висинска регулација со идната улица. Од страна на улицата теренот малку се издигнува до кота на долниот дел од трговскиот центар. На платото пред објектот од северната страна уредено е надворешното паркирање каде се наоѓаат и влезовите за посетителите, за достава, а исто така се наоѓа влезот во внатрешниот паркинг.

VEL CITY

ЗАПАД: На западната страна помеѓу јужната и северната страна се наоѓа најголемата разлика во висината. Косината е искористена за креирање на тераса со поглед спрема паркот, на истиот дел може да се развие и угостителски концепт. На јужната страна на западната линија од објектот се наоѓа влез до внатрешниот паркинг простор.

VEL CITY

ЈУГ: На јужната страна помеѓу објектот и улицата ќе се наоѓа уредување со широк тротоар од кој може лесно да се организираат влезовите во станбениот дел и ординациите со детската градинка.

VEL CITY

ВНАТРЕШЕН АТРИУМ: Помеѓу источната и западната улица и помеѓу трговскиот центар и станбениот дел проектиран е внатрешен атриум кој ја смирува динамиката на урбаното движење и во мирен амбиент им нуди на граѓаните фино урбано искуство. Во тој атриум се ориентирани сите програмски аспекти и така може да се развие квалитетен простор.

VEL CITY

ЕДНОСТАВНО И БОГАТО ОДМЕРЕНО ПАРКИРАЊЕ

За пријатен прв впечаток на посетителите организиран е едноставен пристап и едноставно уредено паркирање. Дел од паркирањето веќе е на самиот почеток од објектот (52 паркинг места) со што се охрабруваат патниците со своите автомобили да застанат и ги користат услугите од “VEL CITY” комплексот. Голем дел на паркинг просторот е уреден во единствено подрумско ниво (145 паркинг места). Вкупниот број на паркинг места е доволен да ги покрие потребите на жителите и посетителите. Јужниот дел од комплексот (фаза 2 и 3) има уреден паркинг простор спрема улицата од јужната страна (19 паркинг места) и две подземни нивоа под објектот (64 паркинг места).

ОДРЖЛИВ ОБЈЕКТ

Сите полека го гледаме крајот на употреба на фосилните горива. Проектот “VEL CITY” е конципиран да биде долговечен и поради тоа мора да одговара на предизвиците за намалување на оперативните трошоци како долго би бил конкурентен на пазарот за недвижности. Купувачите или бизнис сопствениците во енергетскиот концепт на објектот ќе го осетат големиот интерес на инвеститорот да најде решение со кој корисниците на комплексот “VEL CITY” ќе бидат во предност по прашањето за својот бизнис и трошоците за живот. Проектот “VEL CITY” со енергија за греење и ладење ќе биде снабдуван со помош на топлотни пумпи кои ја претвораат енергијата на подземните води во енергија за греење и ладење. Трговскиот центар ќе се лади и грее со помош на вентилација која енергијата ќе ја добива од сопствениот објект. Поради различниот оперативен и финансиски режим за станбениот дел ќе има одвоен енергетски објект. Секој стан на самиот влез ќе има свој енергетски приклучок за санитарна топла и ладна вода, вода за греење, приклучоци за електрика и телекомуникации. Сите енергетски приклучоци ќе биде уредени во еден приклучен ормар од типот на “Danfoss” што ќе овозможи едноставно управување од страна на одржувачите на објектот. Становите ќе имаат сопствен сплит систем за ладење кој може да се вгради по желба.
Затоа што цената на струјата постојано ќе расте, смислен и предвиден е градежен концепт кој ќе го изолира објектот и ќе ја намали количината на потребна енергија. Фасадата ќе се изолира со 15 cm изолација, ќе бидат вградени прозори со изолациона вредност од 1.1 W/m2K. Кровот ќе биде изолиран со 30 cm изолација кој дополнително ќе биде покриен со интензивно зеленило, а самото тоа додатно ќе ја намали температурата во околината и ќе го зголеми квалитетот на амбиентот. Опишаниот изолационен систем веќе овозможува и вградување на ниско-температурно телно греење што дополнително ќе го зголеми квалитетот на живот во самиот објект.

Андреј Каламар

Автор на статија: