ВИЛА ПРАЗНИНА / Трајаноска, Јаневска

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

 

Автори: Марија Трајаноска и Михаела Јаневска

Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски и доц. д-р Марија Мано Велевска

Проектна задача:  Раст 2.0 – Урбани вили

Семестар: IX

Година: 2020

 

Во градот постои преклопување на спротивни концепти. Спротивностите се експресија на просторни и социјални дијалектички процеси кои што секогаш постоеле и се уште постојат: изграденост наспроти пејзаж, градска куќа наспроти вила во пејзаж, индивидуално наспроти заедничко, куќа наспроти зграда, богати наспроти сиромашни. Според Хераклит, спротивностите постојат едни со други и суштински се надополнуваат.

 

 

Вила Празнина е нова урбана форма која претставува двојство на спротивставените гестови во градскиот контекст и ја кодира урбаната вила на нашето време, време на спротивности и разидувања. Претставува испреплетување на фрагменти со станбен, комунален и јавен карактер. На тој начин ги задоволува потребите за индивидуален простор на корисниците, заеднички живот во комуна и комуникација со градот.

 

Новиот тип на вила вдомува жители кои се социјално загорозени кои нудат добра и/или услуги што им се потребни на жителите на градот и како компензација добиваат финансиски средства. Во заедничкиот живот на корисниците на вилата овозможена е и нивна независност во сопствен индивидуален простор.

 

 

Јадрото кое ги спојува сите поединечни фрагменти е празината. Во формална смисла празнината означува отсуство, метафорички може да се поврзе и со празнината на животот која што ја чувствуваат жителите од пониските класи. Вила Празнина ги менува веќе зададените просторни и социјални правила, со тоа што празнината станува извор на живот.