ИКОМОС Македонија / Виртуелна прошетка низ културното наследство Охрид и Битола

По повод Европските денови на културното наследство кои традиционално се одбележуваат низ цела Европа од 1999 год., ИКОМОС Македонија, ја промовираше својата активност ,,Виртуелна инклузивна интерпретација на културното наследство на Охрид и Битола“ преку виртуелни видео прошетки изработени од членовите кои се дел од Работната група на професионалци во подем (РГПП) на ИКОМОС Македонија.

Виртуелна прошетка низ културното наследство на Охрид можете да ја погледнете на следниов линкови:
Охрид 1
Охрид 2
Охрид 3

Виртуелна прошетка низ културното наследство на Битола можете да ја погледнете на следниов линк:
Битола 1

 

Подолу можете да го погледнете целото известување на ИКОМОС Македонија.

Наша желба, уште од 18 април (Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите) минатата 2020 година беше заеднички и со физичко присуство да ги спроведеме овие прошетки со еден стручен интерпретативен пристап од страна на членовите на ИКОМОС Македонија, но околностите не го дозволија тоа.

Сепак, сметаме дека и на овој виртуелен начин, љубителите на културното наследство ќе имаат можност да го видат културното богатство на овие два наши града кои имаат исклучително богата историја и традиција, преку еден поинаков интрепретативен пристап, достапен и инклузивен. Во интерпретативните прошетки ќе бидат опфатени поединечни споменици од старите градски јадра, значајни сакрални и профани објекти, како и репрезенти на модерната архитектура.

Виртуелните интрепретативни прошетки низ Охрид и Битола ќе бидат промовирани во наредните денови на страните на ИКОМОС – Македонија на социјалните мрежи:

Фејсбук: www.facebook.com/ICOMOSMacedonia
Твитер: twitter.com/IcomosMacedonia
Линкдин: www.linkedin.com/company/icomos-macedonia
и Инстаграм: www.instagram.com/icomos_macedonia

Овие дигитални записи ќе бидат поставени и на YouTube каналот на комитетот со цел да бидат достапни за корисниците и во иднина. Следете нѐ!
Нè поддржа Министерството за култура.
#EuropeanHeritageDays #Icomosmk