Детска градинка „Астибо” – Штип 1980
24.08.2015 • ХХ век / II половина
Автори: Александар Смилевски и Љубица Никољска
Година на изведување: 1980
Локација: Штип
Извор: Бимас, Детска градинка Астибо
Специфично архитектонско решение, распослано на терен во пад. Модуларна композија организирана во тераси, притоа овозможувајќи одлични корисни површини за игра и забава на децата.
Градинката ја изградија работниците од тогашната фабрика, работејќи две години солидарни саботи кои беа основа за заедничка инвестиција на тогашната Републичка самоуправна заедница за детска заштита и модната конфекција Астибо.
Оваа градинка беше единствена која имаше работно време од 5,00ч. наутро до 22,00ч. навечер, како работното време на работниците од материјалното производство во Штип. Истата беше од отворен тип, во неа беа згрижени деца чии родители имаа потреба од градинка со ова работно време од целиот град.
Објектот располага со 3200м2 корисна површина, 10 занимални за деца од 3-6годишна возраст -градинка, 2 занимални за деца од 0-3годишна возраст-јасли, фискултурна сала, кујна, помошни кујни, простории за одлагање на дидактички материјали, предни тераси за секоја занимална и странични тераси со песочници и лулашки за децата.
Автор на статија: marh