Проектот „Ничија земја“ на Биеналето на архитектурата во Венеција

Во историскиот воен локалитет „Арсенале“вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 15. издание на најпрестижниот светски настан од областа на архитектонското творештво – Биеналето на архитектурата во Венеција …

soopstenie_1

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“, пред присутните се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

13310527_1169889556368199_3807395459303465041_n

Учеството на оваа интернационална манифестација со светско реноме е, како што рече министерката за култура, од исклучително значење за Република Македонија и токму затоа со поддршка од Министерството за култура, архитектонското творештво на македонските автори во континуитет се претставува на овој врвен архитектонски настан.

viber_image1a

„Република Македонија во изминатите години оствари повеќе впечатливи претставувања на Венециското биенале на архитектурата, кои не етаблираа на глобалната архитектонска сцена и понудија свежи и иновативни творечки остварувања. Во таа смисла, уверена сум дека проектoт „Ничија земја“,  ќе ги  доближи уште повеќе актуелните архитектонски тенденции и креативните идеи на македонските автори  до европската и светската јавност и ќе биде голема провокација за посетителите на овој настан кои ќе имаат можност да се запознаат со вредностите на македонската култура и уметност„, рече Канческа-Милевска.

13307320_1169889836368171_1771529171880966277_n

Таа додаде дека проект „Ничија земја“ чиј комесар е д-р Иванка Апостолова, е дело на четворицата млади архитекти од Скопје, Стојан Павлески, Иван Симеонов, Ѓорѓи Радовановиќ и Љупчо Тасевски, кои достојно ги имплементира суштинските начела профилирани во годинашната тема на Биеналето „Извештај од фронтот“.

viber_image7a

„Проектот има силна индивидуална и сугестивна димензија на архитектонскиот јазик, во функција на создавање на една единствена, заедничка, просторна претстава, Град за сите, Земја ничија или сечија…Тој соодвествува со нашата реалност, и не поттинуваат сите нас, да се запрашаме, дали можеме лесно да се препознаеме во улогата на мигрант, емигрант и крајно жител на земја ничија и сечија“, истакна министерката за култура.

13254601_1169889669701521_7441663149392031243_n

На отворањето на македонскиот павиљон присуствуваа и конзулот на Република Македонија во Венеција Ашим Зекировски.

13267875_1169889716368183_7538559720993817666_n

Претходно,  министерката Елизабета Канческа –Милевска на покана на својот колега Иван Тасовац присуствуваше на отворањето на српскиот павиљон во  рамките на Биеналето на архитектурата во Венеција.

viber_image8a

На годинашното Биенале,  кое се одржува од 28 мај до 27 ноември, националната архитектура ја претставуваат вкупно 61 земја, а за првпат учествуваат Казахстан, Нигерија, Филипини и Јемен. Селектор на главната атхитектонска изложба е реномираниот архитект Алехандро Аравена од Чиле, добитник на наградата Прицкер, која често се нарекува и Нобелова награда во архитектурата.

13256150_1169889479701540_4786286307807528520_n

 

Информацијата е превземена од Министерството за култура на Р.Македонија

Фотографии: Stojan Baci Pavleski

 

Ф.К

Автор на статија: