Станбено деловен комплекс – Б1 / Кисела Вода
26.12.2016 • ХХ век / II половина
Автор: Лилјана Шумковска
Соработник: Лилјана Глигорова
Бирo: „Пелагонијапроект“
Инвеститор: Гро Пелагонија
Извор: Бимас 1989
Комплексот е лоциран на крстосницата од постојните улици „Огњан Прица“ и „Црниче“, во непосредна близина на ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“. Го сочинуваат две станбени ламели, поврзани со деловна зграда од приземје и кат.
Катовите на станбените ламели се ангажирани за живеење во трособни, двособни и еднособни станови со економична квадратура – вкупно 70 станови со вкупна квадратура од 4050м2.
Во приземјето, освен просториите за потребите на станарите, предвидени се простории за снабдување, за мало стопанство, деловни простории и др.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
„Пелагонијапроект“ / Лилјана Глигорова / Лилјана Шумковска / Станбено деловен комплекс - Б1 / Кисела Вода