60 години од 5:17

Пред 60 години, во 5:17 се случи скопската трагедија, градот го погоди  земјотрес со јачина од 6,1Mw. Земјотресот однесе повеќе од 1000 животи, повреди повеќе од 4000 луѓе, остави без дом околу 200.000 жители на градот.

Во пепелта изгубивме 80 % од градот,  го загубивме таканареченото „Старо Скопје”. На 26 јули 1963 година  Скопје беше разурнато од земјотрес од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

 

 

Споменот го одбележуваме со неколку постери на темата, додека за заинтересираните ви нудиме повеќе линкови од нашата богата архива во која можете да најдете податоци за земјотресот но и обновата на градот:

 

 

Дизајн на постери: Филип Конески