Извор на насловна фотографија: www.porta3.mk
Сплотени за Маџир Маало / Богеска
Поради неговата централна локација, Маџар Маало постојано е подлога за урбанистички визии со модерни висококатници. Професионалната фела во неколку наврати апелираше за контравезниот план од 2015, а само неколку години подоцна приказната се повторува.
Ви проследуваме став на наша колешка, која ги потенцира недоследностите во новиот план и неговиот избор, истовремено апелирајќи и до жителите од Маџир Маало да застанат позади својата населба. До 26.11 – среда, тие можат да поднесат забелешки и анкетни листови во нивната месна заедница. Со ова тие би влијаеле на Советот на Општина Центар, кој ќе одлучува за овој план кон крајот на годината.
Пријатели, во средата (20.11.2019) во барака 6 во Општина Центар беа презентирани два предлог детални урбанистички планови. Жителите НЕ се согласуваат со овој предлог ДУП!
ДУПот е изработен согласно ГУПот.
На предлогот план за градска четврт Маџир Маало 01 се предвидени :
А2:домување во станбени згради – 9 објекти,
Б5:хотелски комплекси – 5 објекти
На предлогот план за градска четврт Маџир Маало 02 се предвидени :
А2:домување во станбени згради – 43 објекти,
Б5:хотелски комплекси – 51 објекти
ВКУПНО : ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ МАЏИР МААЛО СЕ ПРЕДВИДЕНИ :
Хотелски комплекси (Б5) : 56 објекти
Домување во станбени згради (А2) : 52 објекти
Без претходно никаква анкета спроведено до жителите според предлогот за деталниот урбанистички план е предвидено да има повеќе ХОТЕЛИ отколку станбени објекти за домување. Моментално во населбата Маџир Маало доминираат станбени објекти за домување.
Маџир Маало секогаш функционирало како единка како целина . Со ГУПот е предвиден и БУЛ. КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА за кој се предвидува поделба на маалото на два дела и рушење на многу голем број на куќи и дислокација на овие жители. На растојание од 700м помеѓу два моста се предвидува уште ЕДЕН булевар и мост . Ново предвидениот БУЛ. КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА би бил оддалечен само 350м од веќе постоечкиот БУЛ.КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ и мост (западно од маалото) и 350м од веќе постоечката ул БЕЛАСИЦА и мост (источно од маалото). Жителите исто така не се согласуваат за изградбата на булеварот и мостот.
На ДУПот нема предвидено ниту доволно зеленило ! На плановите се сечат скоро сите веќе постоечки дрва ! Се предвидуваат само 6 парцели со намена парковско зеленило (Д1) вкупно 0.26% од целата површина ! Што е многу малку !
Според различни испитувања, Скопје има 5.051.807 м2 зелена површина или 12,07м2 по жител, што е двојно помалку од ЕВРОПСКИТЕ ПРЕПОРАКИ за 25 м2. Премалку за урбана средина што постојано се развива, се гради, се дообликува и се изменува. Ова се бројки без Водно и вонградското зеленило. Според пописот од 2002 година, евидентирани се 7,66 м2 зеленило по жител.
Градот и општина Центар, не бараа визија за овој простор преку јавен конкурс.
Забелешките од анкетите за урбанистичкиот план се предаваат до општината до 26.11.2019 (вторник). Во месната заедница во Маџир Маало има список во кој може да се потпишат сите жители до 20:00 h кои не се согласуваат со овој предлог ДУП за изградба на хотелски комплекси. А за овој предлог Детален урбанистички план Советот на општина Центар треба да гласа на крајот на годината. Ги замолувам и информирам сите жители кои не се согласуваат со овој предлог да се потпишат и истовремено да бидеме гласни и сплотени . НИЕ МОЖЕМЕ ! СПЛОТЕНИ ЗА МАЏИР МААЛО !
Плановите и анкетните листови може да се прегледаат и превземат на : http://www.centar.gov.mk/?page_id=6742#JA01
Кристина Богеска, архитект и граѓанин на Маџар Маало
(ставот е превземен во целост од профилот на арвторот)
Извор: сител телевизија
Ви споделуваме и неколку корисни објави на истата тема:
- План на Скопје (Маџир Маало) од XIXвек
- Половина век одложување за…
- Ревизија на ДУП-овите или мрачна урбана иднина
- Маџир маало во расчекор меѓу минатото и сегашноста
Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Висококатници / ДУП / Маџар маало / Маџир Маало / Општина Центар / Урбанизам