Интерактивна мапа на фонтани во Скопје

Пред неколку дена, на Светскиот ден на водата,  Канцеларијата на УНДП во Скопје објави интерактивна мапа на јавна фонтани со вода за пиење. Целта на проектот е да ги направи овие фонтани полесни за наоѓање и со тоа евентуално да ја намали конзумацијата на пластични шишиња за еднократна употреба.

 

 

За да помогнеме во создавање на основа за одржлив развој на мрежата на фонтани за пиење вода во Град Скопје, овој месец започнавме иницијатива за мапирање на фонтаните во градот. Колегите од нашиот тим, во своето слободно време, веќе фотографираа и мапираа 73 фонтани за пиење.

Во само четири чекори, можете да ни помогнете да ја надополниме мапата со податоци за преостанатите фонтани во градот.
1. Фотографирајте јавна фонтана за пиење вода;
2. Забележете ги нејзините координатите со помош на апликација како Google Maps;
3. Внесете ги податоците во овој краток формулар
4. Нашиот тим ќе ги валидира податоцитe, а потоа ќе ја додаде фонтаната на мапата.

Секоја мапирана фонтана ќе ни помогне порационално да ја користиме питката вода во Скопје, како и да ја намалиме потрошувачката на пластични шишиња за една употреба.