Камбанариите во Македонија

Насловна фотографија и останати фотографии: Википедија

 

 

Во денешната објава ја разгледуваме темата на камбанариите во рамки на Македонија, нивната типологија, градба, функција и симболика.

Пред да навлеземе во темата, да разграничиме дека иако функционално имаат заеднички особини со саат-кулите, камбанариите се и претходници на саат кулите во одредени градови и со тоа претставуваат посебна типологија. Доколку барате материјали да прочитате повеќе за саат-кулите, во минатото екстензивно пишувавме за саат-кулите во Скопје, Прилеп, Дојран, Битола, Велес.

 

Дефиницијата за камбанарија може да се срочи како:

Камбанарија или ѕвонарник — градба (најчесто кула) во непосредна близина на христијанска црква, во која се наоѓа метално ѕвоно (камбана), кое бие за време на богослужбата или во друга прилика (црковен празник, погреб итн.).

 

Камбаната се користела уште во празнувањата на народите на територијата на сегашна Грција како и Римјаните, кои верувале дека таа има чудесна моќ. Во христијанската богослужба, камбаната се јавила во IV век.  Во православното христијанство, камбаната се јавува подоцна, дури во IX век, кога византискиот цар Михаил, за потребите на црквата „Св. Софија“ во Цариград, во посебно изградената кула, поставил 12 камбани.

 

Соборна црква „Св. Климент Охридски“ – Скопје Извор: Wikipedia

 

Во христијанството, камбаните претставуваат продолжение на старозаветниот кимвал, инструмент кој се користел при службите во храмовите, а се состоел од два диска. Потврда за неговата употреба се наоѓа во псалмите од Стариот завет, во кој се вели: “фалете Го со милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни (Псалми, 150,5).” Оттука, камбаната во христијанството е симбол на добра и блага вест, симбол на убав, радосен глас и нејзиното биење при богослужбите и во другите прилики го означува настанот што доаѓа.

Во погенерална смисла, над влезот во Храмот, а некогаш и напоредно до Храмот, се поставува ѕвоно, т.е. Камбанарија.

Биењето на камбаните се користи за да се повикаат Верниците на молитва, на Богослужба, но и за да се објават најважните делови од службата која се одржува во Храмот. Биењето (ѕвонењето) на едно ѕвоно се нарекува “Благовест” (блага, радосна вест во Богослужењето). Ѕвонењето на сите ѕвона, ја симболизираат Христијанската радост по повод величенствените празници и се нарекува “Троѕвон”. Биењето на камбаните по повод на тажен настан се нарекува “Переѕвон”. Инаку самата симболика на објавата со биење на камбаните ги потсеќа Верниците на сеприсутното постоење на повисок, небесен свет.

 

Камбанарија – пирг во Арбиново Извор: Wikipedia

 

Камбанариите се сродни со пирговите – средновековни кули за набљудување, каде формата директно произлегува од нивната функција. Пирговите најчесто имале знаме со Крст додека камбаните најчесто имале и имаат конструиран или исцртан Крст. Пирговите се својствени за изолирани манастири каде се поставени близу или над самата порта. Манастирските и Црковните кули биле најсигурни места за чување на книгите од пожари и кражби, а неретко биле и места за подвиг или во нив биле правени параклиси, таков параклис пример имало во манастирскиот пирг во манастирот Св. Наум во Охрид.

Денес овие Камбанарии – пиргови се сочувани во неколку живи манастири во Македонија но со помали димензии како во Зрзескиот, Лесновскиот и Велусинскиот Манастир или како дел од самите конаци како што е во Бигорскиот, Трескавечкиот и Слепчанскиот Манастир.

Типолошки, камбанариите можеме да ги поделиме спрема положбата во однос на црквата, така што согледуваме повеќе типа на камбани:

 

1.  Над влезот во црквата:

 

Камбанаријата на „Св. Климент и Пантелејмон“ – Охрид Извор: Wikipedia

 

 

2. Самостоечки:

 

Камбанаријата на Соборната црква „Св. Климент Охридски“ – Скопје Извор: Wikipedia

 

 

3. Камбанарии како дел од порта или ѕидина:

 

Манастирот „Св. Пантелејмон“ во Велес Извор: Wikipedia