Меридијани / Мостови / Сценографија на „Струшки вечери на поезијата“ / 2024 / OTP Studio
25.09.2024 • XXI век
Меридијани 2024 ( Отвoрање)
Домот на поезијата изграден на почетокот на 70-ти години е дело на архитект Драган Пљаковски.Вкупната некова должина е 145 метри, а во највисоката кота е повеќе од 20 метри. Со неговата импозантна волуменозност, тој е landmark на градот Струга.
Оваа година поради метеролошките прогнози за врнежи и катастрофалната состојба на влезниот скалишен крак, низ интензивни консултации со управата на СВП, одлучивме отварањето на манифестацијата да се случи повторно внатре, во главната сала на објектот. Една од намерите беше со подигање на двете метални панелни прегради ( 14м / 6м) кои го формираат техничкиот простор помеѓу затворената сала и летната сцена, да се добие отворена сцена внатре, со што просторот природно ќе вентилира во недостаток на системот за вентилација на самиот објект.
Понатаму со нивното подигање, прв пат после 35 години, да ја потсетиме јавноста на максиманиот волумен на оваа сцена, која е една од најголемите во државава. Со истакнување на нејзините потенцијали во целост, сметавме дека би заинтересирале поедини уметници да концепираат свои авторства токму во овој простор, како понатаму би повлекло конечна иницијатива за реконструкција и негово реанимирање во денешно време.
Настрана припрема на проектот, теренската работа започна на 12ти Август, 10 дена пред почеток на фестивалот. Вработените од Домот за Култура заедно со вработените на СВП започнаа со чистење на просторот, селекција на непотребни материјали, класификација на сценски реквизити и нивно складирање на одредени позиции, како 30 метарската сцена би останала комплетно празна.
Понатаму започнавме со монтирање на дрвена конструкција на терасите од сцената, на која ги обесивме платната со димензија 21 м на 6 метри висина од двете страни на сцената. Истите димензии на платна ги поставивме и на подот од двете страни над кои беа монтирани и светлечките инсталации кои беа во конфигурација како би се постигнала светлосна исполна на волуменот по речиси сите негови висински коти. Исклучок беше централната траекторија на движење која ги спои западната- летна и источната- затворена сцена.
Дел од мизанценот годинава беше и концертното пијано на Домот на културата.
Поради пријатниот амбиент пропратен со умерен провев на воздух од западниот отвор, втората вечер од поетскиот фестивал, беше повторно внатре, само што сега гледалиштето беше на самата сцена и гледачите имаа прилика да се внатре во самата инсталација.
Мостови 2024 ( Затвoрање)
Традиционално веќе седма деценија на мостот на поезијата се одржува затвoрањето на фестивалот, манифестацијата Мостови.
Самиот уличен профил е составен од две коловозни ленти и два пешачки премини од едната на другата страна од коритото на реката. Мостот покрај тоа што ги поврзува десниот и левиот кеј на градот, како дел од урбаната целина на трите сообракјајни моста, визуелно ги поврзува северниот и јужниот тек на реката.
И годинава како и претходната, поради несмасната реставрација на мостовите од градските управи, бевме приморани повторно со концентрација на светло над оградата и негово покривање со минатогодишниот систем на “оплатирање” на челичните столбови, да пробаме да го сокриеме за да остане дематеријализиран над водната површина.
Светлечката инсталација која беше во директен однос со позициите на седење ја монтиравме на бината, по што започна нејзиното програмирање, соодветно на годинешниот мотив- “Допирот на убавината”. Ова издание беше посветено на 200 години од иновацијата на Брајовото писмо. На сцената беше внимателно издимензионирана рамка од ледови, еден вид виста кон устието на реката Дрим .
Природната сценографија во позадина суперпонираше кон отворот на сцената. Појасот од трски со природната марина на едрилици, излезот на реката од езерото и вегетацијата по кејовите на реката беа детално осветлени и станаа дел од мизансценот. Со самиот провев на ветарот низ отворот на сцената, светлечките елементи почнаа да вибрираат со што самиот систем од вертикали, наликуваше на појас од дигитални трски.
Автор на статија: Filip Koneski
2024 / OTP Studio / Меридијани / Мостови / Струшки вечери на поезијата