Станбена зграда (П+2)

Објект:  Станбена зграда (П+2)

Автори: /

Година на проектирање:  /

Локација:  раскрсницата на ул. ,,Петар Попарсов” и ул. ,,Васил Стефановски”  , Скопје

Фотографија: Борис Јурмовски, 2026

 

 

 

 

Станбената зграда е позиционирана на еден од аглите на раскрсницата помеѓу улиците „Петар Попарсов“ и „Васил Стефановски“, при што токму тој аголен сегмент претставува клучен проектантски мотив. Имено, аголот проектански е одземен и повлечен од градежната парцела,  акцентиран со високостеблесто дрво, со што се создава суптилен просторен прекин и визуелен акцент во урбаното ткиво.

 

 

 

 

Преку внимателно осмислена материјализација, објектот добива изразена пластичност: североисточната фасада е третирана со геометризирани форми, додека сутеренскиот појас е нагласен со камена облога, што придонесува за јасна хиерархија во композицијата. Дополнително, обликовните интервенции кај балконите го збогатуваат волуменот, кој е суптилно ротиран во однос на уличната регулација. Со тоа, објектот не само што се артикулира како самостојна архитектонска целина, туку истовремено го дефинира и заокружува уличниот фронт на двете сообраќајници..