Интернационален студентски архитектонски конкурс DOCExDOCE (12×12)
19.10.2022 • Конкурси

Конкурсот го организира DOCExDOCE (12×12) во соработка со Europan. DOCExDOCE e шпанска организација која од 2017та година организира уникатни интернационални конкурси за студенти по архитектура.
Се работи за интензивен конкурс кој трае само 12 часа. Уникатноста е во краткото времетраење на конкурсот со што се овозможува секој да има можност да учествува. Темата е непозната се до самиот почеток на конкурсот и тогаш ќе биде споделена со учесниците се со цел секој да има подеднаква шанса.
Конкурсот ќе се одржи на 9ти ноември 2022г, почнувајќи во 09:00h наутро и ќе заврши во 21:00h. Краен рок за пријава е 6ти ноември 2022г.



Пријавата на конкурсот е целосно бесплатна за сите студенти.
12 награди за 12h:
1 Награда е 1500 €
2 Награда е 1000 €
3 Награда е 500 €
и 8 награди по 100 €
Линк за пријава :
https://www.docexdoce.org/sign-up
Пријавата се состои во групи од 2-4 студенти.
Концепт на амбасади:
Годинава има 15 амбасади од Европа. Секоја амбасада го претставува својот факултет. Како дел од идеата на целиот концепт е преку амбасадите да се обезбеди простор каде што студентите ќе можат да работат заедно.Тоа овозможува поголема соработка, дружење, ентузијазам и размена на идеи со цел подобро искуство и резултати со враќање на архитектонското чувство на заедништво после 2 изданија кои се одвиваа целосно online.
Македонската Амбасада е дел од 15те амбасади, и со тоа овозможена е од страна на организаторот опцијата да конкурсот биде изработен и на македонски / мајчин јазик
Бидејќи претставници на Амбасадата која ја претставува Македонија, Давид Костадиноски и Филип Спасески се студенти од Архитектонски Факултет – Скопје УКИМ, во соработка со факултетот , сите студенти кои се од Архитектонски Факултет – Скопје УКИМ ќе имаат можност да работат на конкурсот во дел од просториите на факултетот кои ќе бидат објавени на инстаграм страната https://www.instagram.com/fss.afs/
Можност за online учество имаат студентите од сите Архитектонски Факултети од Македонија.
За подетални информации во врска со претходни изданија, стручна комисија и дополнителни информации :

Автор на статија: Љубен Трајаноски