ИДНИНАТА КАКО ПРОЕКТ | ДОКСИЈАДИС ВО СКОПЈЕ / фотогалерија
26.09.2023 • Изложби
На 21.09.2023 во Музејот на современа уметност во Скопје, беше отворена изложбата „Идината како проект – Доксијадис во Скопје“, која има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје. Токму годинава кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година.
Константинос Апостолу Доксијадис (1913-1975), е грчки архитект и планер, познат како татко на екистиката. Роден е на 14 мај 1913 година во Асеновград, Бугарија, дипломирал како архитект-инженер на Техничкиот универзитет во Атина во 1935 година, а докторирал на Универзитетот Шарлотенбург )денес ТУ Берлин) една година подоцна. Во 1963 и 1964 година бил претставник на Грција во Комитетот за домување, изградба и планирање при Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации во Њујорк. Во тоа време, Доксијадис е назначен од страна на Обединетите нации да работи заедно со Заводот за урбанизам и планирање (ЗУАС) во Скопје, на изработката на новиот план за Скопје.
Изложбата ќе трае до 20.01.2024.
АВТОРИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО / КУРАТОРИ:
Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу, Костас Циамбаос
ИСТРАЖУВАЧКИ ТИМ:
Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Христос – Георгиос Критикос
ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ:
Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Зоран Петровски, Ана Ташковска
ОРГАНИЗИРАНО ОД:
Континео 2020
ПОДДРЖАНО ОД:
Министерство за култура на Република Северна Македонија
Музеј на современата уметност – Скопје
Фондација Константинос и Ема Доксијадис
Државен архив на Република Северна Македонија – Одделение Скопје
Амбасада на Република Грција во Република Северна Македонија
Дојран Стил
Во продолжение фотогалерија од изложбата >>>