Историја на дневното осветлување и зошто дневна светлина?
25.02.2022 • Истражување
Извори: „Одржливи методи за дизајн за архитекти“, Норберт Лехнер; https://www.ted.com/
„Дневната светлина е единствената светлина што ја прави архитектурата архитектура.“ – Луис И. Кан
До втората половина на дваесеттиот век, кога флуоресцентното осветлување и евтината електрична енергија станаа достапни, историјата на дневното осветлување и историјата на архитектурата претставуваа едно нешто. Од римскиот двојно барелен свод до кристалната палата на деветнаесеттиот век, главните структурни примени во изградбата ја рефлектирале целта на зголемувањето на износот на светлината која била собрана. Бидејќи дотогаш вештачкото осветлување било и сиромашно и скапо, зградите морале целосно да ја искористат дневната светлина.
Готската архитектура е првенствено резултат на потрaгата за максимизирање. Само малите прозорци се можни, кога сводот се потпирал на носечкиот ѕид. Римскиот свод го заменил барелниот свод делумно поради тоа што се дозволени големи прозорци во засводениот простор. Готските сводови со предвидена скелетна конструкција дозволувале користење на многу големи прозорци.
Големите и многубројните прозорци беа доминантна карактеристика на ренесансната архитектура. Прозорците доминирале со фасадата. Високите тавани со високи прозорци и дозволуваат на дневната светлина да достигне околу 30 метри (9м) од надворешните ѕидови.
Во текот на деветнаесеттиот век сите стаклени згради станаа можни поради зголемување на достапноста на стаклото во комбинација со нови начини на употреба на железните структури.
Тогаш во многу голем број згради можеле да се најдат повеќе умерени количини железо и стакло. Зградата Бредбери, дизајнирана околу атриум покриен со стакло, е предвесник на многу деловни згради што ги има денес.
Кај постарите населби во многу градови, како што е на пример, Њујорк, се уште е можно да се најдат тротоари поплочени со стаклени блокови што овозможуваат дневната светлина да влезе во подрумите. Во Њујорк се донесени кодови за зонирање за да се обезбедат минималните нивоа на дневна светлина. Во Англија, законите за дневната светлина датираат од 1189 година.
Мајсторите на архитектурата на дваесеттиот век продолжиле да ја користат дневната светлина и за функционални и за драматични цели. Во њујоршкиот музеј „Гугенхајм“, Френк Лојд Рајт користел дневна светлина за осветлување на уметничките дела и со индиректна светлина од ребрести прозорци и со светлина од атриумот покриен со стаклена купола. Во управната зграда на Џонсон Вокс во Расин, Висконсин, тој создаде простор без очигледна горна граница овозможувајќи и на дневната светлина постојано да влегува по должината на горните ѕидови и на работ на покривот. Дневната светлина, исто така, влегува низ прозорците околу печуркастите столбови.
Ле Корбизије создал многу драматични ефекти со косите прозорци, прозорци и светлински кули на параклисот во Рончамп. Ееро Сааринен користел фасцинантна форма на дневна светлина во капелата MIT. Светларникот над олтарот бил опремен со црни овални отвори, така што во капелата може да влезе само вертикалната светлина, Потоа оваа вертикална светлина е рефлектирана во собата врз скулптурата и се состои од мали месингани рефлектори како лисјата на едно дрво.
Оваа кратка историја покажува колку важна улога имала дневната светлина во архитектурата.
Зошто дневна светлина?
Дневната светлина стана помало архитектонско прашање со навлегувањето во втората половна на дваесеттиот век, поради достапноста на ефикасните електрични извори на светлина. Можеби најважна предност на електричното осветлување беше и се уште е леснотијата и флексибилноста. Тоа нуди конзистентно осветлување што може лесно да се квантифицира. Но, исто така, има некои недостатоци.
Енергетската криза од средината на 70-тите години доведе до преиспитување на потенцијалот на дневното осветлување. Во прво време беа нагласени само енергетските импликации, но сега дневното осветлување, исто така, е ценето поради неговите естетски можности и способноста да ги задоволи биолошките и човечките потреби.
Околу половина од целото енергетско осветлување, кое се користи за зградите, може да се спаси преку дневната светлина. За некои типови градби, како што се канцеларии, училишта, библиотеки, музеи, дневната светлина може да заштеди уште повеќе енергија. Дневната светлина, исто така, може да ја намали потрошувачката на енергија за греење и за ладење.
Оттука, за крај треба да се спомене и фактот дека недостатокот на дневната светлина кај човекот предизвикува состојба на Seasonal Affective Disorder (SAD). Светлината влијае на нашиот деноноќен систем – биоритам, нашиот внатрешен часовник кој ни кажува кога да јадеме, да спиеме и да се будиме. Недостатокот на дневна светлина и употребата на вештачка светлина може да испрати мешани пораки на нашите тела и да влијае на нашиот внатрешен ритам.
Автор на статија: Martina Shteriova