Изложба „БЕТОНСКО СКОПЈЕ“
28.07.2023 • Изложби

По повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, на 26ти јули 2023 година, во Галерија 2 при Младинскиот културен центар во Скопје, се отвори изложбата „Бетонско Скопје“ како дел од проектот „60 години од 5 и 17“.
Изложбата ги опфати сите 34 фотографии, кои се дел од збирките разгледници издадени во 3 дела, од 2018 до 2022 година, реализирани со поддршка на градот Скопје и МКЦ, додека изложбата беше поддржана финансиски од страна на Министерството за култура.
Проектот е авторство на Филип Конески, додека фотографиите се работени во коавторство со Борис Јурмовски. Целта на проектот беше актуелизирање на постземјотресното градителско наследство на Скопје, во кое главниот материјал е бетонот. Од него се создаде сувенир кој излегува од традиционалната рамка, насочен кон една архитектонска перспектива во кое се приложени податоците на изведба и реализација на објектите како и имињата на авторите, со што се придонесува кон општата промоција на македонската архитектура.
За збирките разгледници можете подетално да се информирате на следните нет врски :
- https://marh.mk/betonsko-skopje/
- Бетонско Скопје 1
- Бетонско Скопје 2
- Бетонско Скопје 3
Им се заблагодаруваме на Министерството за Култура и безрезервната поддршка на Младинскиот културен центар, како и на сите посетители кои не почестија со нивното присуство!
Фото: Борис Јурмовски, Филип Конески

Автор на статија: Filip Koneski
2023 / 26ти јули / Бетонско Скопје / Борис Јурмовски / Изложба / Министерство за култура / МКЦ / Разгледници / Сувенир / Филип Конески / Фотографии