Конкурс за избор на идејно решение за Затворен пливачки базен во Општина Свети Николе

Рапишува:  Општина Свети Николе

Рок:  12.08.2020 / до 12:00

Награди:  Прва награда во бруто износ од 35.000 денари, – Втора награда во бруто износ од 15.000 денари, -Трета награда во бруто износ од 10.000 денари.

 

Општина Свети Николе,  распишува Конкурс за избор на идејно решение за затворен градски базен. Целта е развивање на спортот и рекреацијата на населението на територијата на Општината, како и натпревар кај младите во пливачките спортови преку цела година.

 

Градски базен во Свети Николе 1952 година / Извор >>>

 

Во програмските барања е наведено дека се барат два базени, од кои едниот треба да достигне 25 метри должина со длабочина од 2 m,  и еден за почетници со длабочина од 0.8 m-1.2 m.  Сите пропратни содржини што треба да ги содржи  базенот треба да се следат од правилниците и воспоставената практика ( машки и женски гардероби, санитарни јазли, простори за опрема итн.) задоволувајќи ги сите барања на FINA ( Светска пливачка федерација).

Во конкурсот се наведени и посебни конструктивни и урбанистички барања.

За детален преглед на конкурсната документација следете го изворот, на системот за јавни набавки >>>