Куќата на Шукара / Велес, 1932
25.02.2024 • ХХ век / I половина
Извори: „Veles niz minatototo"; sdk.mk; tirekovmirece.com
Куќата на Шукара се наоѓа во центарот на Велес и претставува еден од зачуваните репрезентативни примери на овој тип на куќи кои биле на рускиот архитект Николај Солонцев, препознатливи по жолтата боја и специфичните детали на фасадата.
Планот за куќата бил направен во 1929 година, а изградена е до 1932/33 година. Позиционирана е во самиот центар на градот, на местото на првата книжарница во Велес.
Авторот Николај Солонцев бил руски мигрант, кој во граѓанската војна во Русија на почетокот од 1920 години доаѓа во Велес. Според истражувањата во Велес изградил седум куќи. Тоа се куќата на Шукареви и двете на Ѓоргови, исто така познато велешко трговско семејство. Се наоѓаат на 50 метри оддалеченост, сите во центарот на градот. Трите куќи се во жолта боја со украсни елементи од фабриката Левкови.
Куќата има приземје и два ката. Приземјето е наменето за деловни простории, додека пак катовите се за домување. Различните намени на катовите се јасно видливи на фасадата кој е со изобилство на детали и делува раскошно. Впечатливи се и прозорските отвори особено на предниот дел на куќата кои се со специфични форми.
Ден денес фасадата на куќата е зачувана во нејзината автентична форма. Во 2003 година е направена обнова.
„Куќата била порачана од нејзиниот сопственик Александар Ацо Шукар, познат велешки трговец кој се бавел со текстил. Дрвенаријата била обработена три години пред да се постави. Толку време требало да се исуши и потоа да се монтира. Куќата ја купува мојот дедо Андреја 1961, а другиот кат подоцна некоја година, неговиот брат. Мојот дедо бил судија и адвокат. Куќата сите овие години однадвор остана иста“, вели Андреја Весов, сопственик.
Автор на статија: Martina Shteriova
Велес / Куќата на Шукара / почеток на XX век / Станбена архитектура