On Process – Предавање и разговор со Митеш Диксит (DOMAIN OFFICE)

Датум: Петок, 09.12.2016

Време: 12:00 часот

Место: Архитектонски Факултет – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Амфитеатар на Архитектонски Факултет

Архитектонски Факултет – Скопје и независната образовна платформа SCAPES:LAB(https://www.facebook.com/scapeslab/) Ве покануваат на предавање и разговор со архитект и филозоф Митеш Диксит, кое ќе се одржи во Петок, 9ти Декември во 12:00 часот во Амфитеатар на Архитектонски Факултет – Скопје. Настанот се организира како последица на соработка помеѓу платформата SCAPES:LAB, Архитектонски Факултет – Скопје и DOMAIN OFFICE(http://www.domainoffice.eu) (Њујорк – Ротердам), која започна во 2014 година со тематскиот програм Flat.SCAPES:LAB во Холандија.

Како дел од професорскиот програм на Американскиот Стејт Дипартмент Митеш Диксит за време на оваа посета ќе пренесе серија тематски предавања и во земјите од регионот кои ќе бидат одржани во Нови Сад, Белград, Ниш и Подгорица.

001-copy

Митеш Диксит од архитектонското студио DOMAIN OFFICE во неговото предавање “On Process” ја истражува релацијата на теоријата и праксата, прашањето за постоењето и значењето на теоријата и суштествената конституција на дефиницијата при процесот на проектирање. Преку анализа на три проекти од различна архитектонска типологија, контекст и локација, Диксит ќе ја илустрира тенденцијата и копнежот на архитектонското студио DOMAIN OFFICE во потрага по “нова” дефиниција во праксата.

*Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, без можност за симултан превод.

Се гледаме!

  1. Lecture ‘On Heritage’ to Kickoff the KreNi2 Conference in Niš ,Serbia

За предавачот:

Митеш Диксит го основал архитектонското студио DOMAIN OFFICE во 2012 година. По завршувањето нa основни и дипломски студии на политичи науки и филозофија, Диксит завршува мастер студии во областа на архитектура при Washington University во St. Louis. Својата кариера ја започнува во Сан Франциско во архитектонското биро SOM (Skidmore, Owings & Мerril). Пред основањето на DOMAIN OFFICE, Диксит соработува со Рем Колхас во OMA (Оffice for Metropolitan Architecture) како проект-лидер на многу меѓународни проекти меѓу кои се вбројуваат MahaNaKhon Tower во Банкок, Commonwealth Institute во Лондон, Kuala Lumpur Financial District во Малезија.

Во 2011 година се приклучува на Техничкиот универзитет во Делфт (TU Delft) во Холандија, како визитинг професор на “Kатедрата за Архитектура, Урбанизам и Критичка теорија”, а од 2013 до 2016 година станува и уредник на “Катедрата за комплексни проекти” (Chair for Complex Projects) при TU Delft. Помеѓу другото, го водел студиото “Архитектонско насилство” (Architecture Violence), кое се фокусира на регионот на америчко-мексичката граница, како и дипломското студио “Во Чикаго” (In Chicago).

003PACO PARK São Bernardo do Campo, Brazil

004

BUILDING Z Antwerp, Belgium

005

PLANTA EXHIBITION Venice, Italy

006

DATA CENTRE Dorrance County, Pennsylvania