Регионален центар „Кисела Вода“ / Бетон

Комплекс „Првомајска“

Главни проектанти:  Снежана Арсова, Миодраг Радоњиќ

Проектанти: Натка Ќосева, Цветанка Панчевска, Мирјана Симовска, Силвија Томовска, Мимоза Капсарова, Саво Симоски, Лилјана Николова, Иво Ѓорѓиев

Биро: Институт за студии и проектирање при РГО „БЕТОН“ – Скопје

Завод за урбанизам и станбено-комунална техника на СР Македонија – Скопје

Извор: Бимас 1989 год.

 

Покрај иницијативата на МАРХ за стовариштата на Славија во Кисела Вода, за нивно ревалоризирање и адаптирање во локален културен и трговски центар на општината, се повеќе наидуваме на податоци за едно вакво размислување и во минатото.  Бидејќи ова е веќе второ решение кое го среќаваме, претпоставуваме дека кон крајот на 80тите години на минатиот век, бил организиран некаков вид на конкурс.

Локацијата го опфаќа просторот на магацините „Славија, просторот на бараките на општината и просторот кон пругата на север.

 

Локацијата пред 20 години и денес

 

Во продолжение оригиналното образложение на решението на тимот на Бетон, од публикација на Бимас:

„Во локалниот центар „Кисела Вода“, лоциран покрај артеријалната сообраќајница „Сава ковачевиќ“ , застапени се функции за јавна намена и за колективно домување.

 

Ситуација со партерно решение

 

Концепциски центарот е замислен како град во град со сопствена композиција и организација на просторот. Просторниот концепт го сочинува физичката структура која се развива меѓу групацијата на постојните објекти на ТРО „Славија“ и поврзува голем дел од функциите во единствен просторен склоп. Пешачкото движење низ платфромата конципирано е врз отворени и изградени делови со пробиви низ платформата што создава динамика за просторното движење.

 

Пресеци низ локација

 

Понатаму центарот се развива во плоштад со својата богата содржина на отворен простор, претставува фокус на настаните и околу него е концентрирана содржина од хотелско-угостителски и услужни единици. Во рамките на центарот е плнирана изградба на колективни станбени згради со вкупно 262 стана.“

 

3D модел од магацините

 

Доколку сакате да прочитате околу нашата иницијатива посетете го линкот >>>