Се отвори трговскиот центар „East Gate“ во Скопје

Година на реализација  и отворање: 2021 год.

Автор: Yazgan Design Architecture / архитектонско студио од Турција

Локација: Поранешен Скопски саем

Извор: East Gate

 

На просторот на некогашниот скопски саем, се подигна најголемиот затворен трговски центар во Македонија и регионот, Skopje East Gate. Истиот е дел од поголем комплекс кој вклучува станбено домување и деловни објекти кои се сеуште во тек на градба.

 

 

Вкупната бруто изградена површина на целиот комплес треба да достигне 500.000 m2 од кои околу 150.000 припаѓаат на трговскиот центар.

Во внатрешноста се  присутни повеќе од 220 локални и интернационални брендови, кафетерии, простор за брза храна со капацитет од 800 лица, хипер маркет, салони за бела техника, мебел и кино сали.