Штип City mall / Студио АТРИУМ

Година  на проектирање:  2020

Локација:  Штип

Студио: АТРИУМ

Автори:  Павле Петрушев, Весна Василева, Александар Василев, Кристина Петрушева Русеска,  Светомир Русеским, Сања Миташ Иванова, Љубица Мицевска , Емилија Кљонкова

 

ЛОКАЦИЈА

На најфреквентната и највпечатлива локација во град Штип (центарот на Источна Македонија) и на самиот влез во градот ќе се издигне објект кој ќе вдоми најразлични содржини, а вооедно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од поширокиот регион. Сместен е во зона за спорт и рекреација која долги години беше заборавена и напуштена, со овој проект таа ќе заживее и ќе добие сосема нов современ и модерен изглед.

 

Ситуација

 

Поставеноста и ориентацијата на објектот овозможува непрекинати визури кон самиот град и историската тврдина „Исар“. Самата конфигурација на теренот која беше голем предизвик придонесе во формирањето на волумените и функционалноста на објектот. Самите содржини кои ќе бидат присутни во објектот како: хотелски соби, хотелски ресторан, конференциски сали, трговски единици и најатрактивниот ROOF TOP, го прават објектот уникатен и единствен според неговата хибридна намена во регионот.

 

 

 

Процесот за да се добие финалното решение беше долг и предизвикувачки, но во соработка со Инвеститорот и неговите визии и идеи за овој простор, Тимот на Студио Атриум-Штип составен од инженери: дипл.инж.арх. Павле Петрушев, дипл.инж.арх. Весна Василева, дипл.инж.арх Александар Василев, дипл.инж.арх.Кристина Петрушева Русеска, дипл.град.инж Светомир Русеским-р.инж.арх. Сања Миташ Иванова, м-р. инж.арх. Љубица Мицевска и апсолвент на Архитектонски факултет Емилија Кљонкова, го изработија решението за овој хибриден објект кој ја вклучува основната класа на намена – хотелски комлекс и компатибилните класи на намена – големи трговски, комерцијлани и деловни единици според урбанистички план. Како најатрактивна содржина во склоп на проектот е STIP CITY MALL.

 

Ниво -1

Приземје

 

КОНЦЕПТ

Објектот е проектиран на 5 нивоа (подрум, приземје и три ката). Главниот влез на објектот е поставен централно, нагласен со осветлена настрешница и ориентиран кон пристапната улица. Во централниот дел се предвидени главните комуникации (ескалатори) и простран хол кој целосно е осветлен со природна светлина. Лево и десно од холот се развиваат содржините по нивоа. Во подземниот дел се проектирани паркинг места за посетителите на хотелот, а останатиот дел е предвиден за голем супермаркет. Приземјето ги содржи влезот во хотелот и лобито и големи трговски единици.

 

1 кат

 

2 кат

 

3 кат

 

На катот содржините се повторуваат, освен ресторанот за хотелот кој е сместен на западната страна. Вториот кат содржи хотелски двокреветни соби и апартмани, конференциски сали, канцеларии и деловни простории. Последниот кат на кој се сместени исто така хотелски соби, на источниот дел се предвидува проодна кровна тераса со уникатни визури на градот, која на одреден дел ќе биде покриена. Овој простор, така наречен ROOF TOP, ќе има забавна содржина.

 

Пресек 

 

За да се овозможи добра функционалност на содржините во објектот, предвидена е сервисна рампа за дотур на роба до подземното ниво и рампа до паркинг просторот. Дистрибуцијата на робата и намирниците ќе се спроведе со два сервисни лифтови. Предвидени се и две јадра со  лифт и скали за посетители.

Во однос на надворешното обликување искористени се најсовремени материјали и од самата фасада лесно се чита соджината во внатрешноста. Самиот објект комуницира со надворешноста преку големите стаклени отвори кои се предвидени по вертикалата на објектот на соодветни делови. Разиграноста и обликувањето на останатиот дел од фасадата е добиена со фасадни панели во различна текстура и боја кои ја потенцираат хоризонталата на објектот.

 

 

 

Целиот простор е флуиден и се испреплетуваат содржините едни во други без прекинување. Решението и концептот на објектот е разработувано долг временски прериод   со идеја дека овој простор и содржините во него  ќе бидат реперна точка и главна дестинација во овој регион и пошироко.