SKOPJE RESURGENT – Утописки урбанизам, глобален град и Скопје
23.07.2021 • Информации
Утописки урбанизам, глобален град и Скопје
МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ
26 јули 2021, 20 часот
Затворање на проектот „Скопје одново“ со јавни презентации на проф. Саскија Сасен и проф. Ана Ивановска Дескова.
На денот на скопскиот земјотрес 26 јули, преку програма посветена на визионерските пристапи во архитектурата и урбаните студии, Музејот на современата уметност – Скопје кој е и симбол на солидарноста, ќе го обележи и крајот на овој проект.
Ве покануваме да се придружите на затворањето на проектот „Скопје, одново“ на Музејот на современата уметност – Скопје и Амбасадата на Соединетите држави во Северна Македонија.
Придружете ни се на јавните презентации на проф. Саскија Сасен (професор по социологија, Универзитет Колумбија) и проф. Ана Ивановска Дескова (Архитектонски факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје).
Презентацијата ќе се одвива на тремот на МСУ.
Презентацијата на проф. Саскија Сасен ќе се фокусира на концептите на утопистичкиот урбанизам и глобалниот град.
Предавањето на проф. Ана Ивановска Дескова ќе се однесува на проектот на солидарноста и неговото значење за Скопје.
Се гледаме на 26 јули, понеделник, во 20 часот во МСУ-Скопје.
Саскија Сасен преку своите истражувчки и авторски проекти се фокусира на глобализацијата (вклучувајќи ги социјалните, економските и политичките димензии), имиграцијата, глобалните градови (вклучувајќи ги градовите и тероризмот), новите мрежни технологии и промените во рамките на либералната држава, кои произлегуваат од сегашните транснационални услови. Во своето истражување таа се фокусира на неочекуваното и контраинтуитивното како начин за дисрупција на утврдените „вистини“. Нејзините три значајни книги се обидуваат да ја уништат клучната утврдена „вистина“.
Истражувачкиот интерес на Ана Ивановска Дескова е насочен кон модерната
архитектура во Скопје, особено неговата постземјотресна обнова.
Во рамките на неформалната архитектонска група СКАРС (Студио за современа архитектура – Скопје) таа учествува на бројни локални и меѓународни архитектонски конкурси. Автор е на бројни истражувачки проекти и архитектонски изложби (Навраќање на постземјотресната обнова на Скопје, Биографија на едно архитектонско дело – Телекомуникациски центар во Скопје, Скопските вертикали, Загрозени видови, Иднината како проект: Доксијадис во Скопје итн.). Во 2008 и 2014 година е дел од авторските тимови кои ја претставуваат Република Македонија
на Венециското биенале на архитектура. Во периодот 2015-2018 учествува во подготовката на изложбата „Кон вистинската утопија: Архитектурата во Југославија 1948-80“ како член на кураторското советодавно тело.
Во моментов работи како вонреден професор на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде предава Историја на модерната архитектура и Заштита на градителско наследство.
Автор на статија: Martina Shteriova