Skopje street art & graffiti gallery 2
31.12.2019 • Уметност
Настан: Градот Убав 2
Покровители: CreArt, град Скопје
Организација: МКЦ
Иницијатива: Филип Конески
Фото: Why Creative / Амел Амед
Видео: Why Creative / Амар Фејзула
Локација: Катна гаража „26ти јули“, Скопје
Артисти: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ивана Атанскова- Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујишиќ, Тамара Завазановска + Ермал Круезиу, Филип Конески
Градот убав | Skopje street art & graffiti gallery 2
Skopje street art & graffiti gallery 2 @ катна гаража „26 јули“Artists: Andrej PavlovBlazhe AtanaskovVladimir IlievskiVladimir MilikjGoce IlievskiDejan DavchevskiDragan KitanovskiIvana MojsovskaIvana Atanaskova – ConevskaMaksim DimitrovMarjan DimikjMarko VujisikjTamara ZabazanovskaGuests:Filip KoneskiErmal Kryeziu📽️ Ammar Fejzullahu #CreArt #ГрадотУбав #street #art #graffiti #gallery #МКЦ
Публикувахте от Младински Културен Центар в Петък, 27 декември 2019 г.
На 22ри декември, во 18 часот, во катната гаража „26ти Јули“ на првиот кат, се отвори втората галерија на улична и графити уметност во Скопје.
Google street view
По минатата прва галерија, реализирана во сутеренот во Градскиот трговски центар, која беше позитивно прифатена од пошироката јавност, со реализацијата на втората се потврди потенцијалот на Скопје за ваквиот тип урбана култура.
На годинашниот јавен повик се пријавија 30тина артисти, од кои се одбраа 13 учесници, додека вкупно цртаа 15 ( + 2 гости). Повикот стремеше да ги обедини графити цртачите, street art артистите и младите ликовни уметници во еден проект.
Why Creative / Амел Амед
Реализацијата на галеријата се случуваше 3 дена, од 20-22 декември, додека вечерта ( последниот ден) на јавен настан беше свечено отворена.
Целта на оваа иницијатива е да ја подржи домашната сцена, преку нејзино контекстно инкомпорирање во дефинирани архитектонски простори, со идеја преку надополнување без деградирање, да се реоткрие потенцијалот на овие места за поинакви функции – во случајот галерија, но истовремено и простор за социјализација, локација за алтернативни забави и слично.
Иницијативата за овој проект е на Филип Конески, додека организациски зад истиот стои МКЦ (Младинскиот културен центар), додека градот Скопје и CreArt програмата се финансиски и логистички покровители.
Автор на статија: marh
#mkc / CreArt / Skopje street art and graffiti gallery / Скопје галерија на улична уметност